Драматургија

Карта на високообразовната установа – Поле на образование и обука

212

 

Општи дескриптори на квалификации согласно Уредбата за националната рамка на високо-образовните класификации

ДРАМАТУРГИЈА

 

 

ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ: насока ДРАМАТУРГИЈА

 

 

Знаење и разбирање

 

 

 

 

Вреднување на теориски и практични знаења до познати граници од областа на театарската и филмска/телевизиска драматургија (работа или истражување), како и допирните граници со други области кои можат да бидат темел за научно истражување во областа на драматургијата.

 

Примена на знаењето и разбирањето

 

 

Очекувани резултати од учењето на ова ниво се однесуваат на демонстрација на знаењето и разбирањето, примена на знаење, разбирање и решавање на проблеми во нови или непознати контексти поврзани со драмската структура на најкомплексни театарски и филмско-телевизиски форми и примената на овие резултати во различни контексти од театарската, филмската и аудиовизуелна уметност. Резултатите се поврзани со способноста да се интегрира знаењето во справување со комплексноста на сценските/аудиовизуелните форми и да се формулираат ставови.

 

способност за проценка

 

 

Способност за обликување, креирање, осмислување, создавање, прибирање, анализирање, оценување и презентирање идеи, концепти и содржини од областа на театарската, филмската и телевизиска драматургија.

 

комуникациски вештини

 

 

Соопштување резултати, методи и образложенија за поддршка на проекти на добро структуриран и кохерентен начин како на стручни, така и на нестручни лица, користејќи соодветни техники.

Проучување и осврнување на социјални норми и врски и нивно активно менување.

 

вештини на учење

 

 

Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење за решавање на проблеми, ситуации и интерпретации.

         

 

Ниво на национална рамка на високообразовните квалификации

Високо образование

Ниво на Европската рамка на високообразовните квалификации

VIА

I циклус на студии Универзитетски студии 240 кредити

 

6

КОМПЕТЕНЦИИ

По завршување на четиригодишните студии, дипломираниот:

ДРАМАТУРГ.

поседува највисоки компетенции за драматургија, неопходни во процесот на производство на проекти од областа на драмските уметности: театарот, филмот, телевизијата, радиото и операта:

 

1. ДРАМАТУРГИЈА

2. ПИШУВАЊЕ ДРАМСКИ ТЕКСТ

3. ПИШУВАЊЕ ФИЛМСКО И ТВ СЦЕНАРИО

4. ПИШУВАЊЕ ТЕАТАРСКА КРИТИКА

5. ПИШУВАЊЕ ФИЛМСКА И ТЕЛЕВИЗИСКА КРИТИКА

6. ТЕАТАРСКА И ФИЛМСКА/ТЕЛЕВИЗИСКА ЕСЕИСТИКА

 

со соодветна стекната диплома за професиите:

 

1. драматург во театар
2. драматург во филмска куќа

3. драматург во телевизија

4. драмски писател

5. сценарист

6. уредник на културна рубрика

7. директор/уметнички директор во театар

8. директор/уметнички директор на театарски, филмски или тв фестивал

9. соработник на филмски архиви

10. директор на аудиовизуелен медиум

11. член на фестивалски и фондовски жирија

12. театарски, филмски и тв критичар

13. соработник во маркетиншки агенции итн.

 

Студиската програма ДРАМАТУРГИЈА предвидува хоризонтална и вертикална мобилност. Хоризонтална мобилност подразбира компатибилност со студиите за театар и филм во земјата и во странство, а вертикалната можност за упис на мастер и докторски студии.

 

 

  • email Email shokëve
  • print Printo
Universiteti Shtetëror i Tetovës
image Studentët dhe profesorët e Katedrës së Gjuhës dhe Letërsisë Shqipe, të Fakultetit Filologjik të
image “Sfidat e sigurisë dhe standardet universale në procesin e integrimit  euroatlantik”, ishte tema e
image Një delegacion i Universitetit të Tetovës, nga Parlamenti Studentor dhe Qendra për shërbime studentore
image Fakulteti i Shkencave të Mjekësisë i Universitetit të Tetovës, 14 Nëntorit - Ditës ndërkombëtare 
image Një delegacion nga Universiteti “Onsekiz Mart”, nga Çanakalaja e Republikës së Turqisë, i kryesuar