ДРАМСКИ АКТЕРИ

Карта на високообразовната установа – Поле на образование и обука

212

 

Општи дескриптори на квалификации согласно Уредбата за националната рамка на високо-образовните класификации

ДРАМСКИ АКТЕРИ

 

 

 

ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ: -  насока  ДРАМСКИ АКТЕРИ

 

 

 

Знаење и разбирање

 

 

 

 

Креирање, вреднување, анализирање, синтетизирање и примена на нови практични и теориски знаења во делот на уметнички и научни истражувања од областа на актерската игра, режијата, драматургијата и други претставувачки уметности, што иницира проширување на границите на знаењата.

 

Примена на знаењето и разбирањето

 

 

Oчекуваните резултати од учењето на ова ниво се однесуваат на потврдата на знаењето и разбирањето, примена на знаењето, решавање на проблеми во нови или непознати контексти поврзани со театарската и претставувачката уметност, како и со филмската и тв уметност во создавање на комплексни уметнички сценски, филмски или тв форми. Резултатите се поврзани со способноста за интеграција на знаењата и формулирање на ставови. Резултатите се однесуваат на адаптибилност, флексибилност, способност да се справат со промените и способност за преземање иницијатива за решавање на проблеми во рамките на театарската и претставувачката уметност, како и на филмската и тв уметност, поврзани со самостоен и колективен ангажман, базиран на знаење.

 

способност за проценка

 

 

Способност за обликување, креирање, осмислување, создавање, прибирање, анализирање, оценување и презентирање идеи и содржини од областа на актерската игра во претстaвувачките и во филмските и тв уметности, во согласност со концептот на режисерот на конкретното дело и работата на колективот на остварување и надградба на одредениот концепт. Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.

Способност соодветно да одговори на теоретски и практични прашања, да ги препознае причините, да даде личен придонес и да го помага развојот на колективниот чин сè до доаѓањето до соодветно решение.

 

комуникациски вештини

 

 

Способност да комуницира и дискутира со стручната јавност и со генералната публика, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани. Презема одговорност за индвидуалното учество во колективните резултати. Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.

 

вештини на учење

 

 

Презема иницијативи да ги идентификува потребите за стекнување понатамошни знаења и учења со висок степен на независност.

         

 

Ниво на национална рамка на високообразовните квалификации

Високо образование

Ниво на Европската рамка на високообразовните квалификации

VIА

I циклус на студии Универзитетски студии 240 кредити

 

6

КОМПЕТЕНЦИИ

По завршување на четиригодишните студии, дипломираниот:

ДРАМСКИ АКТЕР

поседува највисоки компетенции за актерска игра во структурно комплексни
театарско - сценски - претставувачки - презентирачки форми
и филмско-телевизиски форми:

1.  ТЕАТАРСКА - ДРАМСКА ПРЕТСТАВА;
2. КОРЕОДРАМА;
3. ДОЛГОМЕТРАЖЕН, СРЕДНОМЕТРАЖЕН ИЛИ КУСОМЕТРАЖЕН ИГРАН ФИЛМ;
4. ДОЛГОМЕТРАЖЕН, СРЕДНОМЕТРАЖЕН ИЛИ КУСОМЕТРАЖЕН ТВ ФИЛМ;
5. ТВ СЕРИЈА;
6.         НАСТАНИ, КОНГРЕСИ, ФЕСТИВАЛИ, ПОЕТСКИ СРЕДБИ, ПРОМОЦИИ И ДРУГИ ВИДОВИ ЈАВНИ НАСТАПИ;
7. ТВ ЕМИСИИ, ТВ ШОУА И ДР.
8. ТЕАТАРСКИ И ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛИ;

со соодветна стекната диплома за професиите:

1.    актер во драмска претстава;
2.   актер во долгометражен, среднометражен или кусометражен игран филм;
3.   актер во долгометражен, среднометражен или кусометражен ТВ филм;
4.   актер во ТВ серија;
5.   актер во радио драма;
5.   водител на настани, конгреси, фестивали, поетски средби, промоции и други видови јавни настапи;
6.   водител на ТВ емисии, шоуа и др.;
7.   уметнички директор на театарска куќа;
8.   директор на театарска куќа;
9.   селектор/директор на театарски или филмски фестивал;
10. индивидуален советник за актерска игра (театарска и филмска);
11.  театарски критичар;
12.  теоретичар на актерска игра;
11.  уредник на драмска програма на ТВ или радио;
12.  професор по театар во средно образование;
13.  советник за културни активности во локална самоуправа.

Студиската програма ДРАМСКИ АКТЕРИ предвидува хоризонтална и вертикална мобилност. Хоризонталната мобилност подразбира компатибилност со студиите за драмски актери во земјата и во странство, а вертикалната, можност за упис на мастер и докторски студии.

 

 

 

  • email Email shokëve
  • print Printo
Universiteti Shtetëror i Tetovës
image Në Universitetin e Tetovës, prej sot ka filluar afati i tretë i rregullt i
image Me një ceremoni solemne, sot në amfiteatrin e Universitetit të Tetovës u bë pritja
image Në Universitetin e Tetovës, sot i filloi punimet Konferenca e Parë Ndërkombëtare për Biodiversitetin
image Ish Rektori i UT-së, njëherit profesor i Anatomisë, Prof.Dr. Sadi Bexheti, i cili ligjëron
image Në Universitetin e Tetovës vijon procesi i aplikimit për regjistrimin e studentëve të rinj,