Театарска Режија

Карта на високообразовната установа – Поле на образование и обука

212

 

Општи дескриптори на квалификации согласно Уредбата за националната рамка на високо-образовните класификации

ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА

 

 

 

ДЕСКРИПТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ: - насока ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА          

 

 

Знаење и разбирање

 

 

 

 

Креирање, вреднување, анализирање, синтетизирање и примена на нови практични и теориски знаења во делот на уметнички и научни истражувања од областа на театарска режија, актерска игра, драматургија, и други претставувачки уметности што иницира проширување на границите на знаењата.

 

Примена на знаењето и разбирањето

 

 

Oчекувани резултати од учењето на ова ниво се однесуваат на потврдата на знаењето и разбирањето, примена на знаењето, решавање на проблеми во нови или непознати контексти поврзани со театарската и претставувачката уметност во создавање на комплексни уметнички сценски форми. Резултатите се поврзани со способноста за интегрирација на знаењата и формулирање на ставови. Резултатите се однесуваат на адаптибилност, флексибилност, способност да се справат со промените и способност за преземање иницијатива за решавање на проблеми во рамките на театарската и претставувачката уметност, поврзани со самостоен ангажман, базиран на знаење.

 

способност за проценка

 

 

Способност за обликување, креирање, осмислување, создавање, прибирање, анализирање, оценување и презентирање идеи, концепти и содржини од областа на театарската режија и претствувачките уметности. Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти.

Способност да оценува теоретски и практични прашања, да дава објаснување за причините, да предвидува последици развој, и да избере соодветно решение.

 

комуникациски вештини

 

 

Способност да комуницира и дискутира со стручната јавност , и со генералната публика, за информации, идеи, проблеми и решенија кога критериумите за одлучување и опсегот на задачата се јасно дефинирани. Презема главна одговорност за колективни резултати. Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.

 

вештини на учење

 

 

Презема иницијативи да ги идентификува потребите за стекнување понатамошни знаења и учења со висок степен на независност.

         

 

Ниво на национална рамка на високообразовните квалификации

Високо образование

Ниво на Европската рамка на високообразовните квалификации

VIА

I циклус на студии Универзитетски студии 240 кредити

 

6

КОМПЕТЕНЦИИ

По завршување на четиригодишните студии, дипломираниот:

ТЕАТАРСКИ РЕЖИСЕР

поседува највисоки компетенции за режирање на структурно комплексни
театарско - сценски - претставувачки - презентирачки форми:

1.  ТЕАТАРСКА - ДРАМСКА ПРЕТСТАВА
2. Сите други СЦЕНСКИ ФОРМИ (вклучително БАЛЕТ и ОПЕРА) во театарски или други         простори
3. Сложени  ИВЕНТИ, КОНГРЕСИ во комплицирани услови со многу учесници
4. КРЕАТИВНА КОНТРОЛА на сите елементи во продукцијата-производство на претстава и                други сценски настани.
5. Креирање на УМЕТНИЧКИ ПРОФИЛ на театарска куќа

со соодветна стекната диплома за професиите:

1.    режисер на драмска претстава
2.   режисер на балетска претстава
3.   режисер на оперска претстава
4.   уметнички директор
5.   директор на театарски фестивал
6.   драматург на театарска компанија
7.   индивидуален советник за актерска игра (театарска и филмска)
8.   помошник режисер или асистент по режија
9.   театарски критичар
10. теоретичар на режија или актерска игра
11.  уредник на драмска програма на ТВ или радио
12.  професор по театар во средно образование
13.  советник за културни активности во локална самоуправа

Студиската програма ТЕАТАРСКА РЕЖИЈА предвидува хоризонтална и вертикална мобилност. Хоризонтална мобилност подразбира компатибилност со студиите за филмската уметност и монтажата во земјата и странство, а вертикалната можност за упис на мастер и докторски студии.

 

 

  • email Email shokëve
  • print Printo
Universiteti Shtetëror i Tetovës
image Me një akademi solemne, sot në Universitetin e Tetovës u shënua 109 vjetori i
image Studentët dhe profesorët e Katedrës së Gjuhës dhe Letërsisë Shqipe, të Fakultetit Filologjik të
image “Sfidat e sigurisë dhe standardet universale në procesin e integrimit  euroatlantik”, ishte tema e
image Një delegacion i Universitetit të Tetovës, nga Parlamenti Studentor dhe Qendra për shërbime studentore
image Fakulteti i Shkencave të Mjekësisë i Universitetit të Tetovës, 14 Nëntorit - Ditës ndërkombëtare