//На УТ се одбележа 4 Јули, Денот на независноста на САД

На УТ се одбележа 4 Јули, Денот на независноста на САД

2018-07-11T23:00:56+00:00 јули 5th, 2018|

Студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово, во соработка со Факултетот за физичка култура на нашиот универзитет денеска организираше спортски активности, во чест на 242-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.

Претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово, г-ѓа Доника Камбери рече дека преку овие спортски активности и Универзитетот во Тетово се придружи на свеченостите во чест на 4 Јули, Денот на независноста на САД, најголемиот сојузник на албанскиот народ. „Студентскиот парламент, во соработка со Факултетот за физичка култура, планиравме овој ден да го одбележиме на посебен начин, имено, да организираме спортски натпревар во одбојка на плажа, во чест на овој ден. Вреди да се спомне дека УТ повеќе од секој друг е посветен на концептот „bulding bridgе“ или „градење на мостови“, во кој меѓународната заедница секогаш се повикува“, рече Доника Камбери, претседател на Студентскиот парламент.

Професорката на Факултетот за физичка култура, доц. д-р Лаурета Абази, рече дека во секоја годишнина од независноста на Соединетите Американски Држави студентите организираат разни натпревари, а оваа година тие одбрале натпревари во одбојка на плажа. „Факултет за физичка култура, како и лани, и годинава се обврзаа да организира спортски активности за Денот на независноста на САД. Овие активности во изминатите години ги реализиравме на отворени терени на Универзитетот, кои ги имавме на располагање. За разлика од претходните години, кога органиравме натпревари во мал фудбал и кошарка, оваа година организиравме натпревари во одбојка на плажа“, рече доц. д-р ЛауретаАбази.

Во натпреварите одбојка на плажа учествале две женски и две машки екипи, а за учесниците на натпреварот беа доделени сертификати и трофеи.

Канцеларијата за информации