На ДУТ започна првиот уписен рок за академската 2012/2013 година

image

На денешната средба со новинарите, ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети, во придружба на сите проректори на Универзитетот, доц. д-р Фехари Рамадани - проректор за образование и наука, проф. д-р Арбер Челику - проректор за меѓународна соработка и проф.  д-р Серафим Томовски - проректор за финансии, инвестиции и развој, како и генералниот секретар на Универзитетот - г. Адем Беадини, ја извести пошироката јавност за започнувањето на првиот уписен рок на додипломските студии, во академската 2012/2013 г., на сите факултети и студиски програми на ДУТ.
Според ректорот, проф. д-р Вулнет Амети, првиот уписен рок се одвива во најдобар тек и врз основа на планот на Централната комисија за упис. „...администрацијата на факултетите ги има преземено сите потребни подготовки овој процес да се одвива ефикасно и ефективно, како во Тетово, потоа на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана - во Гостивар, Факултетот за бизнис и администрација - во Куманово, така и на дисперзираните студии во Дебар, Струга, Кичево и во Скопје.  ДУТ, во академската 2012/2013 година, на сите факултети и студиски програми ќе прими вкупно 5.170 нови студенти, од кои, редовни студенти во државна квота: 3.445 студенти, редовни со самофинансирање: 1.280 студенти и 445 вонредни студенти” -  нагласи, меѓу другото, ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети.
Според ректорот Амети се очекува и оваа година да се реализираат сите наши очекувања во врска со пополнувањето на предвидените места според објавениот конкурс за оваа година. Истовремено, на факултетите и студиските програми во кои и после првиот уписен рок ќе има непополнети места, ќе се организираат и втор и трет уписен рок, за што дополнително ќе се одредат бројот и условите за упис  со поединечни конкурси за апликација и за запишување на додипломските студии. 

Канцеларија за информирање

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Државен универзитет во Тетово
image Почитувани претставници на медиумите, ја повикавме денес оваа конференција за да Ве информираме непосредно
image Државниот универзитет во Тетово денес го посети амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
image "ЗАЕДНО За современ и реформиран универзитет За универзитетска автономија и академска слобода За добар и транспарентен менаџмент"   Господ
image На денешната средба со новинарите, ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети, во придружба