На првиот уписен рок, во ДУТ се запишаа околу 2700 студенти

image

Денеска беа објавени службените резултати од првиот уписен рок на ДУТ, за академската 2012/2013 година. Проректорот за настава на ДУТ, Проф. др. Фехари Рамадани, на денешната конференција за печат, истакна дека интересирањето на матурантите за да студираат во ДУТ, бил мошне голем, и во овој уписен рок, вкупниот број на примените студенти во факултетите и студиските програми е 2619 студенти, или во проценти, пополнети се 51%, од предвидените места за упис на нови студенти во академската 2012/2013 година.
„Интересот на студентите за студирање на нашиот универзитет, останува на задоволително ниво. Ова се потврдува и со бројот на кандидатите кои се пријавиле за упис во факултетите и студиските програми, на ова високо образовна институција на албански јазик.
Централнта комисија за упис, денеска ги објави конечните резултати, за студентите кои се оримени во рамките на првиот уписен рок. Со државна квота, примени се вкупно 2074 студенти, со само-финансирање 183 студенти, вонредни 111, странски државјани 161 и со посебни квоти 90 студенти. Значи, вкупниот број на примените студенти во факултети и студиските програми, само во првиот уписен рок е 2619 студенти, или во проценти, пополнети се 51%, од предвидените места за упис на нови студенти во академската 2012/2013 година“, истакна проректорот Рамадани .
Тој исто така ги повика примените студентите да ја направат нивната регистрација  во соодветните факултети и дисперзирани студии, најдоцна до 31.08.2012, бидејќи во спротивно ќе се смета дека се откажале од уписот. „Сите кандидати кои се примени во првиот уписен рок, уписот треба да го вршат најдоцна до 31.08.2012, во 16,30 часот во шалтерите на соодветните факултети или студиски програми, во спротивно ќе го губат правото за студирање и ќе се сметат дека се откажале од уписот, додека нивните места ќе бидат огласени како сл,ободни места во идниот конкурс за вториот уписен рок, за оваа академска година“, истакна проректорот за настава на ДУТ, Проф. др. Фехари Рамадани.
Проректорот Рамадани, исто така реќе дека факултетите и студиските програми на ДУТ, на кои не се пополнети сите места во првиот уписен рок, од 5 до 7 септември, ќе се организира вториот уписен рок, за упис на новите стуиденти за академската 2012/2013 година. Во овој случај и условите за упис се очекуа да бидат по флексибилни. „Во вториот уписен рок, во факултетите каде што ќе има слободни места, право за конкурирање  ќе имаат кандидатите со државна матура, кандидатите со средно образование пред да се спроведува државната матура, кандидатите со меѓународна матура, кандидатите кои биле подложени и успешно положиле државна матура , но избрале интерни предмети кои не се компатибилни со предметите кон се списокот спортед конкурсот, како и кандидатите  кои успешно ја положиле училишната матура“, истакна меѓу другото, на средбата со новинарите, проректорот за настава на ДУТ, Проф. др. Фехари Рамадани.

Канцеларија за информирње

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Државен универзитет во Тетово
image Почитувани претставници на медиумите, ја повикавме денес оваа конференција за да Ве информираме непосредно
image Државниот универзитет во Тетово денес го посети амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
image "ЗАЕДНО За современ и реформиран универзитет За универзитетска автономија и академска слобода За добар и транспарентен менаџмент"   Господ
image На денешната средба со новинарите, ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети, во придружба