Ректорот на ДУТ присуствуваше на отворањето на VII-та научна средба на Институтот “Алб-Шкенца”

image

Ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети ќе присуствува на свеченото отворање на Седмат меѓународна средба на Институтот "Алб-Шкенца", на тема: "Сеалбанската научна мисла во почетокот на второто столетие на националната независност", која се одржа во Скопје.
На овој состанок присуствуваа и генералниот директор на Институтот, Алб-Шкенца, Нико Ќафоку, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, ректорот на Универзитетот ЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, италијанскиот амбасадор во Македонија, Фабио Кристиани, шефот на огранокот на Институтот во Косово, Шпреса Хоџа, шефот на огранокот во Албанија, Али Малиќи, директор на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија, проф. д-р. Шефќет Зеколи, итн.
Во својот поздравен говор пред учесниците, Ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети истакна дека оваа научна манифестација од меѓународен карактер може да игра голема улога и ќе придонесе за унапредување на нашето општество. "Ова активност на институтот Алб-Шкенца, со поддршка од Секретаријатот за спроведување на охридскиот рамковен договор, Државниот Универзитет во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа, како и други важни институции, укажува на тоа дека од година во година пренесува научни вредности, но оваа година е посебен, особено кога се организира во пресрет на 100-годишнината од независноста на Албанската Држава", рече ректорот Амети, додавајќи дека образованието има клучна улога во одржување и развивање на овие особини, затоа сите ние мора да се заложиме за зајакнување на образовните институции, бидејќи тие имаат света мисија за просветување, едуцирање и еманципација на новите генерации и развој на нашата земја. 
"Во оваа историска година за нашата нација, силно веруваме дека овој меѓународен научен собир ќе ја одигра својата голема улога и ќе биде нов поттик во албанолошките студии и ќе придонесе уште повеќе за пристапот на научните работници со цел развој и унапредување на нашето општество ".
VII-та Меѓународна средба на Институтот "Алб-Шкенца" ќе продолжи и во просториите на дисперзираните студии на ДУТ во Скопје.

Канцеларија за информирње

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Државен универзитет во Тетово
image Почитувани претставници на медиумите, ја повикавме денес оваа конференција за да Ве информираме непосредно
image Државниот универзитет во Тетово денес го посети амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
image "ЗАЕДНО За современ и реформиран универзитет За универзитетска автономија и академска слобода За добар и транспарентен менаџмент"   Господ
image На денешната средба со новинарите, ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети, во придружба