Американскиот амбасадор Пол Волерс во посета на ДУТ

image

Државниот универзитет во Тетово денес го посети амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс. По овој повод, амбасадорот Волерс беше пречекан од ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети, кој во средбата со амбасадорот Пол Волерс го информираше за историјатот на Државниот универзитет во Тетово, како и за последните случувања, успесите и достигнувањата на ДУТ во текот на изминатите 20 години. "Посетата на американскиот  амбасадор претставува посебен настан за нашиот Универзитет, пред сè, поради фактот што во сеќавањето на албанскиот народ од овие простори амбасадорот Пол Волерс доаѓа од една земја која историски е докажана како голем пријател, која има дадено голем придонес за нашето национално прашање, за создавање на клима за соработка, за слободна комуникација, зајакнување на пријателството меѓу народите и заемно почитување, и за одржување и зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко. Студентите, наставниците и сите вработени на Универзитетот се благодарни на САД, за нивниот придонес за оваа институција во првите чекори на неговото формирање, за унапредување на демократските процеси и вистинските академски вредности ", рече ректорорт на ДУТ, проф. д-р. Вулнет Амети.

Од друга страна, американскиот амбасадор Пол Волерс остана исклучително задоволен од пречекот и искажаното гостопримство од страна на раководството на ДУТ нагласувајќи дека ова е уште еден доказ за партнерството меѓу албанскиот и американскиот народ. Амбасадор Пол Волерс заедно со ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети ја отворија витрината на Американското катче во Тетово, која ќе служи за информирање на студентите во врска со програмите и активностите кои ги организира оваа институција, која во Тетово промовира пријателство меѓу американскиот и нашиот народ.

Исто така, амбасадорот Волерс, денес пред академскиот кадар и студентите на ДУТ, одржа предавање на тема: "Перспективите за изборите, едно поле со нивоа". Тој, во оваа прилика зборуваше за принципите и вредностите на демократијата и апелираше претседателските избори да се одржуваат во согласност со принципите на демократијата, да бидат слободни, мирни, чесни и демократски. "Ова е возбудливо време за Македонија. Јас сум сигурен дека знаете дека следуваат избори. Со сигурност знаеме дека ќе се организираат претседателските избори во месец април, но од она што слушаме и читаме изгледа дека ќе има и парламентарни избори, и многу е важно да знаете дека тоа ќе биде тест за вас, за Македонија и за сите вас како граѓани и гласачи на Македонија. Потребни се слободни и транспарентни избори. Треба да бидат мирни гласања и без партиски притисоци за семејствата и гласачите ", рече амбасадорот на САД, Пол Волерс.

По овој повод, ректорот на ДУТ, проф. Д-р. Вулнет Амети, на американскиот амбасадор Пол Волерс му додели признание со ликот на албанската хуманистка Мајка Тереза.

 

 

Канцеларија за информации

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Државен универзитет во Тетово
image Почитувани претставници на медиумите, ја повикавме денес оваа конференција за да Ве информираме непосредно
image Државниот универзитет во Тетово денес го посети амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
image "ЗАЕДНО За современ и реформиран универзитет За универзитетска автономија и академска слобода За добар и транспарентен менаџмент"   Господ
image На денешната средба со новинарите, ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети, во придружба