Изјава на проректорот за Настава на ДУТ, Проф. Др. Фехари Рамадани

image

Почитувани претставници на медиумите, ја повикавме денес оваа конференција за да Ве информираме непосредно за настаната ситуација со дисперзираните студиските програми во град Скопје, со цел на избегнување од сите шпекулации и нејаснотии кои се шират во јавноста.

Сегашното раководство на Државниот универзитет во Тетово работеше со голема посветеност за создавање на акдемски и инфраструктурни услови, студентите на Државниот универзитет во Тетово да не се чуствуваат инфериорни, напротив да се чуствуваат во исто ниво со нивните колеги од универзитетите во регионот и во светот. Државниот универзитет во Тетово, имајќи предвид дека има должност да ги образовува новите генерации на албанците и другите, од нашата земја и пошироко од регионот, и покрај големите финансиски и инфраструктурни потешкотии, вложивме огромен труд, дисперзираните студии да останат како наш единствен академски ангажман, затоа и перманентно вложивме капитални инцестиции во сите објекти на дисперзираните студии, како во Гостивар, Кичево, Струга, Куманово и особено во град Скопје, каде во соработка со Општина Чаир, го решивме и проблемот со просториите на овие дисперзирани студии, кој подолго време беше една отворена рана за Државниот универзитет во Тетово, неколку години по ред.

Протестите од една група на студенти од областа на природно математичките науки, најмалку се совпаѓаат со објективната реалност, затоа ние сметаме дека овие протести го нарушуваат нормалното одвивањето на наставниот процес во сите дисперзирани студиски програми во град Скопје. Бидејќи со одлука на Сенатот на Државниот универзитет во Тетово, па и според конкурсот кој се објавува секоја година за упис на нови студенти јасно е нагласено дека нема да се одвива настава во тие студиски групи во кои нема да има повеќе од 20 студенти, одредба која ние како раководство на ректоратот на Универзитетот го нмаливме во 15 запишани студенти, само поради тоа за да им овозможиме на нашите студенти продолжување на студиите во дисперзираните студиски програми во сите горенаведени градови во Македонија. Затоа, секакво друго толкување во врска со оваа проблематика не совпаѓа со реалноста е во служба на одредени кругови кои не им посакуваат добро на ДУТ, и особено грубо го нарушуваат наставниот процес на дисперзираните студии во град Скопје.

Другото обвинување, божем сегашното раководство на Универзитетот го воведе дополнителното плаќање за студентите во висина од 100 денари, при запишување на семстрите од студиски години, имајќи предвид дека тие средства се прелеваат во фондот на Студентскиот парламен, како независна студентска организација, така што и оваа обвинување нема никаква основа. Според архивираните документи кои ги презентираме за медиумите, овој вид на партиципација не представува новина, толку повеќе, се плаќа од страна на студентите од легализацијата на Универзитетот до ден денес, и тоа само поради единствена цел, студентите да можат да ги реализираат нивните активности, како: членување на разни студентски организации во земјата, регионот и пошироко, учество во разни форуми од национален и меѓународен карактер, студентски експедиции, разни културни и спортски манифестации и др.

 

Симболичното плаќање од 100 денари е во функција на финансиското осамостојување на Студентсткиот парламент, како и на поуспешна реализација на пројектите кои се во интерес на студентите. Исто така, свесни сме дека овој фонд кој се формира ни приближно не ги задоволува потребите на студентите за нивните активности, додека ние ќе продолжиме и во иднина овие активности финансиски да ги подржиме од фондовите на ДУТ. 

  • email Емаил на пријател
  • print принт верзија
Државен универзитет во Тетово
image Почитувани претставници на медиумите, ја повикавме денес оваа конференција за да Ве информираме непосредно
image Државниот универзитет во Тетово денес го посети амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс.
image "ЗАЕДНО За современ и реформиран универзитет За универзитетска автономија и академска слобода За добар и транспарентен менаџмент"   Господ
image На денешната средба со новинарите, ректорот на ДУТ, проф. д-р Вулнет Амети, во придружба