//Конкурс ERASMUS+

Конкурс ERASMUS+

2020-09-01T11:31:32+00:00 Септември 01, 2020|

Почитувани студенти,

Ве информираме дека објавивме конкурс за апликација на Програмата за размена ЕРАЗМУС+ за зимскиот семестар  во академската 2020/’21 година.

На веб-страницата на Универзитетот во Тетово: www.unite.edu.mk e поставен линкот Еразмус+, каде што имате можност да ги видите универзитетите и студиските насоки со кои имаме потпишан договор за соработка.

Онлајн апликацијата се наоѓа на следниот линк: http://erasmus.unite.edu.mk:3500/Application, на веб-страницата на Универзитетот.

Право за аплицирање имаат студентите од:

  • прв циклус (редовните студенти од втора година па нагоре),
  • втор циклус и
  • трет циклус.

Со Вашата апликација треба да приложите и мотивациско писмо, препорачано писмо на англиски јазик и потврда дека сте редовен студент, кои треба да се доставаат во Канцеларијата за меѓународна соработка, бр. 224, која се наоѓа во Ректоратот.

Рокот за аплицирање е до 15 септември 2020 г.