Јусуф Буџови, познат писател и историчар од Косово, денеска го посети Универзитетот во Тетово. Првично беше примен од ректорот, проф. д-р Вулнет Амети, во придружба на деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Фатмир Сулејмани, деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ибиш Кадриу, како и шефот на неговиот кабинет, доц. д-р Фатон Шабани.
На оваа средба, ректорот проф. д-р Вулнет Амети му честиташе на историчарот од Косово за вредниот интелектуален придонес за унапредување на општите процеси што се развиваат во просторот на национално ниво за објавување серија важни дела за албанската историографија, со посебен акцент книгата „Косово”, објавена во осум тома. Ректорот го информираше Јусуф Буџови за развојните фази на Универзитетот во Тетово и богатата образовна и научна дејност која се спроведува во оваа високообразовна институција на албански јазик во нашата држава. На крајот на средбата, ректорот на УТ, на Јусуф Буџови, му додели подарок со портрет на основачот и првиот ректор на УТ, проф. д-р Фадил Сулејмани.
За време на престојот на Универзитетот во Тетово, Јусуф Буџови ги промовираше томовите VI, VII и VIII од неговата книга „Косово”, како и предавањето под наслов „Местото на Албанците во Македонија, гледајќи од историска, етничка и политичка гледна точка, од антиката до наше време”. Исто така, деканот на Филолошкиот факултет, пред студентите и пред професорите, кои беа присутни на оваа промоција, ја презентираше биографијата на новинарот, писателот и историчарот од Република Косово. „Јусуф Буџови е роден во Пеја на 4 август 1946 година. Основното и средното училиште ги завршил во Ѓакова. Во 1968 година дипломирал на Универзитетот во Приштина, на Катедрата за албански јазик и книжевност. Во 1979 година ги завршил постдипломските студии на Катедрата за историја на Универзитетот во Приштина со дисертацијата: „Албанската лига на Призрен во германските документи”. Кариерата на новинарот започна во весникот „Рилиндја” во Приштина во 1967 година, првично како новинар за култура, а подоцна и нејзин уредник. Од 1976 до 2000 година бил постојан дописник на весникот „Рилиндја”, акредитиран во Бон, Германија. Додека од 2000 – 2008 година, покрај книжевната активност, се занимавал со историографски истражувања во германските архиви. Од 2008 година живее и работи во Приштина. Години по ред со своето дело на истакнат писател и редок историчар, Јусуф Буџови се изгради во посебно име не само во албанската култура”, изјави проф. д-р Фатмир Сулејмани.
За книгата „Косово” зборуваше и нејзиниот уредник, Рамадан Муслиу, кој ја опиша како главен проект на косовската историја. А, Јусуф Буџови, пак, рече дека е среќен што се наоѓа во Тетово, односно на Универзитетот во Тетово, за две многу важни прашања. Прво, бидејќи Универзитет во Тетово е еден од најважните албански универзитети, затоа што историјата на овој универзитет е поврзана со културниот и духовниот идентитет на Албанците во Македонија.
„Јас сум почестен бидејќи сум дел од вас, особено што овде гледам повеќе припаднички на понежниот пол, а ова покажува дека еманципацијата, дури и во оваа средина има димензии што навистина треба да ги има. Денес, исто така, зборував пред медиумите за основачот на овој универзитет, професорот Фадил Сулејмани, кој е еден од најважните протагонисти, не само интелектуални, туку и политички, кои во многу значајни денови на големи пресврти што се случија во Косово, Македонија и во други делови од поранешна Југославија, во услови кога Косово беше под закана дека неколку години подоцна доживеа. Македонија беше оаза која обезбеди ова прашање да не го вклучи целиот албански народ. Во тие околности, политичкиот спектар на Косово се определи да прифати неповолна ситуација во Македонија, но не да дозволи ширење на кризата. Ова беше причината за прифаќање на Македонија како држава и врз тие околности, најважното беше формирањето на Универзитетот во Тетово, кој на некој начин се совпадна со организацијата на паралелната држава во Косово, со што се овозможи позиционирање на Албанците во РМ “, изјави професорот Јусуф Буџови. Во текот на својот говор, тој им се заблагодари на домаќините за гостопримството и рече дека шестата книга е фокусирана на Македонија, со теми како што се војната во Македонија и обидот на Албанците да ја претворат својата позиција како субјект во средина која со самиот устав на 1991 година и настаните што се случија во Македонија во текот на тие десет години не беа гарантирани. Неговото предавање на тема: „Местото на Албанците во Македонија, гледајќи од историска, етничка и политичка гледна точка, од антиката до наше време”, привлече внимание на студентите од различни академски единици, академскиот кадар и познати дејци за албанското прашање.
Во текот на 46 години од своето работење, Јусуф Буџови објавил 40 важни книжевни и историски дела, меѓу кои и книги со раскази, новели, романи, драми, книги со литературни увиди и публицистички и, се разбира, бисерите на албанската историографија, кои се од особена важност.