Денеска на Универзитетот во Тетово, претставници од Амбасадата на САД ја презентираа програмата „Fulbright Scholar“. Претставникот на оваа амбасада, г. Газменд Иљази, пред студентите и пред академскиот кадар на Универзитетот во Тетово, потенцира дека оваа програма е за секој студент или професор што има желба да биде дел од обуките во САД, кои се реализираат од страна на програмата „Fulbright Scholar“. Тој ги повика сите студенти да аплицираат, бидејќи изборот на кандидатите е многу транспарентен, а главен услов е познавањето на англискиот јазик. „Во моментов, ниe. пред студентите и пред професорите на Универзитетот во Тетово, презентираме неколку програми. Прва е програмата „Fulbright Scholar“ што овозможува двегодишни магистерски студии за три категории студенти: студенти кои се при крајот на додипломските студии, студенти кои се запишани на магистерски студии во Македонија или каде било и студенти кои се запишани на докторски студии во Македонија или во други земји, и сакаат да истражуваат за трудовите за магистратура или докторатура. Ја презентираме и програмата „Humphrey“, која нуди усовршување на кадрите, на пример: ако новинарите сакаат да имаат придобивки од оваа програма и да се специјализираат во нивната професија, во истражувачкото новинарство и сл., тие треба да бидат дел од десетмесечна обука во САД за да добијат американско искуство од еминентни професори од новинарството, а ќе имаат можност и за пракса во некој медиум. Исто така, ја нудиме и „Global UGRAD“- програмата за студентите од прва и втора година на додипломски студии, како и едносеместрални студии во САД.“ – истакна Газменд Иљази, претставник на Амбасадата на САД во Македонија.
Претставници од Амбасадата на САД до студентите и професорите апелираа да аплицираат за овие програми, бидејќи секоја година има повеќе места за кандидати. Заинтересираните за аплицирање треба да ги посетат следните интернет-страници: www.foreigrn.fulbright.org; www.humphreyfellowship.org; www.worldlearning.org и www.mk.usembassy.gov.