Американскиот поет Крег Чури, придружуван од познатата професорка и писателка Ентела Каси, која воедно е и претседателка на ПЕН-Центарот во Албанија, денеска го посети Универзитетот во Тетово.

За време на нивниот престој на нашиот Универзитет нив ги пречека Деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Фатмир Сулејмани. Тие им посветија големо внимание на активностите кои се реализираат од страна на студентите и професорите на Студиската програма за албански јазик и книжевност.

Американскиот поет Крег Чури ги посети и студените и професорите на Филолошкиот факултет и ги запозна со неговата литературна дејност и рецитираше неколку песни.

За литературната дејност на поетот зборуваше и директорката на ПЕН-Центарот од Албанија, Ентела Каси. „Крег Чури доаѓа од областа на рудниците на Североисточна Пенсилванија. Првите 15 години живеел во Северна Америка, студирал европска поезија и поезија на латино-американските поети. Крег Чури добил многу награди низ целиот свет, а е победник и на Меѓународниот фестивал „Денови на Наим“ во 2011 година“ – рече Ентела Каси.

Американскиот поет Крег Чури, како победник на „Денови на Наим“ во 2011 година бил промовиран и пред студентите и професорите на Универзитетот во Тетово, а во знак на благодарност, како подарок го добил Логото на Универзитетот во Тетово.