Апсолвентите од Универзитетот во Тетово на работ на завршување на нивните додипломски студии славеа апсолвентијада. Оваа вечер ја организираше Студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово.
На свечената вечер, која се одржа на 4-ти мај беше присутен и Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, кој на студентите им ги честиташе одбележаните успеси во текот на студиите. „Почитувани апсолвенти, вие успешно ги завршувате студиите од прв циклус и се надевам дека и во иднина ќе ги продолжите студиите на втор и од трет циклус (и убеден сум дека во иднина ќе придонесете за понатамошниот развој на Универзитетот во Тетово, и тоа како дел од административниот или од академскиот кадар. Вие со вашиот придонес, не само што ќе помогнете во развојот на Универзитетот туку и на целото општество. Драги апсолвенти, вие знаете дека над 50% од политичарите во нашата земја се кадар од Универзитетот во Тетово, затоа на сите ви посакувам здравје и среќа во понатамошниот живот и ви посакувам да продолжите упорно да работите на вашиот професионален развој, но и да имате успешна кариера“ – рече проф. д-р Вулнет Амети, Ректор на Универзитетот во Тетово.
Претседателката на Студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово, Доника Камбери, во име на сите апсолвенти им се заблагодари на Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, на проректорите, сенаторите, деканите како и на целиот академски кадар за нивните заложби за образување и едукација на студентите. „Во име на Студентскиот парламент на Универзитетот во Тетово и во име на сите апсолвенти од генерацијата 2017/2018 сакам да му се заблагодарам на Ректорот на Универзитетот во Тетово и на наставниот кадар за поддршката што ни ја дадоа во текот на студирањето. Многупати сум повторила, но и вечерва ќе споменам дека ние, студентите на Универзитетот во Тетово, каде и да одиме, што и да работиме, никогаш не треба да го заборавиме Универзитетот во Тетово, храмот на знаењето, каде што сите ние успеавме да се професионализираме во разни области“ – рече претседателката на Студентскиот парламент, Доника Камбери.
Во текот на овие три вечери, односно на 3, 4 и 5 мај, апсолвентите престојуваа во хотелот „Дрим“ во Струга, а се забавуваа во придружба на музичката група „Алегро Бенд“, пејачката Илире Исмаили и Ди џеј Ерол.