Универзитетот во Тетово, во соработка со неговиот стратешки меѓународен партнер, Универзитетот во Северен Илиноис ја организира Втората научна конференција „Глобалните проблеми и влијанието на општеството на локално, национално и меѓународно ниво во промоција на мирот и транскултурната комуникација“.
Конференцијата се одржа во просториите на Универзитетот во Северен Илиноис. На Конференцијата присуствуваа и Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети и Проректорот за наука, проф. д-р Хазир Положани, кој истакна дека: „Втората конференција на центарот за мир е одлична можност за нас да разменуваме идеи и информации за тоа како да станеме демократско општество според примерот на САД. Таа исто така нуди можност да се изнајдат и да се решат постоечките проблеми во општеството. Улога на Америка во Македонија е голема, бидејќи преку одредени проекти не само што помага во политичките процеси туку и во развојот на економијата и образованието“.
Домаќинот на оваа конференција, Проректорот на Универзитетот во Северен Илиноис, проф. д-р Бредли Бонд, изјави дека нивниот универзитет високо ја оценува институционалната соработка што ја има со Универзитетот во Тетово, како претставник на универзитетското образование, научното истражување, слободната дебата и позитивното влијание во развојот на општите процеси во Република Македонија. „Нашиот универзитет високо ја оценува сериозната работа на Универзитетот во Тетово, нашиот стратешки партнер. Од сите соработки што ги имаме со меѓународнo познати универзитети, ние го издвојуваме Универзитетот во Тетово бидејќи е единствената институција што покажува искреност и коректност и затоа сме им благодарни на раководителите на УТ, особено на Ректорот, проф. д-р Вулнет Амети“ – рече проф. д-р Бредли Бонд.
На конференцијата учествуваа научници од разни области, кои преку нивните реферати образложија на кој начин локалните одлуки имаат глобално влијание, а преку дебатата заклучија дека мирот и стабилноста се приоритет и неопходност за сите.
Во рамките на оваа конференција, научниците од разни американски универзитети, професори и студенти, заедно со претставниците на Универзитетот во Тетово и на Универзитетот во Северен Илиноис го посетија музејот „Blackwall“, каде што беше отворена изложба на Универзитетот во Тетово. Присутните беа изненадени од историјата на Универзитетот во Тетово, од неговото основањето, па сѐ до денес. Студентите и професорите од САД се изненадија од развојот на Универзитетот во Тетово кој по сите предизвици ја постигнал својата визија. Изложбата на Универзитетот во Тетово во музејот „Blackwall“ беше отворена во декември минатата година, а ќе биде отворена до крајот на академската година.