Во рамките на активностите предвидени за 7 Април,  Светскиот ден на здравјето, на 10 април 2018 г., во просториите на Универзитетот во Тетово, Факултетот за медицински науки во соработка со научната група и Студентскиот парламент заедно со американскиот доктор, д-р Дане Собек, организираа предавање за важноста на здравјето.

Деканот на Факултетот за медицински науки, проф. д-р Насир Беџети, соопшти дека организирањето на предавања со меѓународни доктори е голема придобивка за академскиот кадар и за студентите, бидејќи тие пред нив ги споделуваат своите искуства за разни области од медицината.

Оваа година Светската здравствена организација го одбележа Светскиот ден на здравјето, со мотото „Здравје за сите“  и за главна тема ја назначи кардиологијата. По повод овој ден, студентите и професорите на Факултетот за медицински науки организираа марш под мотото „Маршираме за здравје“.