Претставници на австриското Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, заедно со австриските регионални амбасадори во балканските држави, денеска го посетија Универзитетот во Тетово, каде што ги прими ректорот, проф. д-р Вулнет Амети и неговиот тим. Оваа делегација на австриски дипломати ја предводеше амбасадорката на Австрија во Македонија, Ренате Коблбер и шеф на Секторот за Западен Балкан и проширување на Европската унија при Министерството за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, д-р. Клаус Ворфер, во придружба на директорот на Дирекцијата во ова министерство, д-р Томас Мулман, како и референтот на ова министерство, Оскар Бенедикт. Исто така, на овој состанок присуствуваа: амбасадорот на Австрија во Приштина, Гернот Пфандлер, амбасадор на Австрија во Сараево, Мартин Памер, амбасадор на Австрија во Тирана, Јохан Сатлер и амбасадорот на Австрија во Подгорица, г-ѓа Ана Јанковиќ.

Првично, австриските дипломати во средбата со ректорот, проф. д-р Вулнет Амети беше информирана за историјата на Универзитетот во Тетово, вклучувајќи го и придонесот и пожртвуваноста на албанското население во Македонија за развој на оваа институција, додавајќи дека Универзитетот во Тетово има големо влијание врз развојот и еманципација на општеството во Република Македонија. Шефот на Секторот за Западен Балкан и проширување на Европската унија при Министерството за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, д-р Клаус Ворфер, го изрази својот интерес за соработката што нашиот универзитет ја има воспоставено со Австриската амбасада во Македонија и универзитетите од Австрија. Тие, исто така, се информирале за соработката на Универзитетот во Тетово која се развива со Австриската амбасада во Македонија, каде што сега на нашиот универзитет е отворена австрискиот агол кој е отворен прозорец на пријателство меѓу албанскиот и австрискиот народ. Исто така беше истакната соработка со австриските универзитети, каде што во тек е размена на студенти и академски кадар во рамките на програмата Еразмус плус. Ректорот, проф. д-р Вулнет Амети им се заблагодари на австриските дипломати за посетата на УТ, додавајќи дека институција што тој ја води, заедно со професорите и студентите се многу благодарни на Австрија и на неговата амбасада во нашата земја, за несебичната поддршка што ја има дадено на ова институција. На овој состанок нашиот ректор побара од оние во иднина да продолжат да го поддржуваат Универзитетот во Тетово на начин што ќе ја зајакне својата позиција на меѓународната сцена. Австриските дипломати изразија подготвеност да го поддржат и помогнат Универзитетот во Тетово во исполнувањето на нејзините институционални цели. На крајот од оваа средба, ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети, на нејзината екселенција, амбасадорката Ренате Коблбер и на претставникот на Министерството за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, д-р Клаус Ворфер, им додели по еден  подарок со портрет на основачот, прв и историскиот ректор на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Фадил Сулејмани.