На Универзитетот во Тетово, Факултетот за прехранбена технологија и исхрана во соработка со Универзитетот во Ардахан и со претставници од Унгарија, Грција, Јужен Кипар и од Универзитетот Мунзур од Турција успешно ги реализира втората обука и третата меѓународна средба во рамките на проектот Youth Erasmus + KA2 (www.ifcheeseproject.com), насловен како “IFCHEESE – иновативниот фокус на планинските сирења, комбинирани со ароматични растенија, направени со помош на традиционалните методи на производството“.
Деканот на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана, проф. д-р Џезаир Идризи, истакна дека целта на овој проект е заштита на традиционалниот метод на подготовка на сирењата. „Целта на проектот е одржување на традиционалните методи на производство на сирење, комбинирано со ароматични растенија. На овој начин се зголемува бројот, но и се заштитуваат руралните и урбаните производители, најчесто од женски род, во малите фарми, но се создаваат и нови техники на маркетинг за примена на комерцијалната е-платформа, чија цел е понуда на традиционалното сирење“ – изјави проф. д-р Џезаир Идризи.
Овој проект започнал во ноември 2017 г. и неговата цел е заштита на старите методи на производство на сирење, како и нивно надградување со нови иновативни методи со кои ќе се употребуваат и растенија од областите каде што се реализира овој проект. Проектот ќе продолжи сѐ до крајот на 2019 г.