На Универзитетот во Тетово, на 30 октомври 2018 година, Центарот за студентски услуги и кариера во соработка со Германската академска служба за размена, DAAD (Deutscher Akademischer Austauschdienst), присуствува на презентацијата на германските стипендии за академската 2018/2019 година. Претставникот на DAAD, Мајке Гризер (Meike Graeser), првично одржа средба со проректорот за наука на нашиот Универзитет, проф. д-р Хазир Положани, а потоа пред студентите и професорите презентираше некои категории на стипендии. Според неа, германската академска служба за размена (DAAD) оваа година ќе додели научни стипендии за млади докторанди и млади научници и ќе организира истражувачки престој за универзитетски професори и научници во германските универзитети. Покрај тоа, ќе се доделат стипендии за постдипломски студии од сите области од науката, вклучувајќи ги и постдипломските и докторските стипендии за DAAD / OSI, како и универзитетски летни стипендии за јазични курсеви за студентите. Мајке Гризер, исто така, рече дека се предвивува да се организира практика за странските студенти, да има посети и семинари за студентски групи, а ќе има и покани за поранешни стипендисти на DAAD.
Раководителите на Центарот за студентски услуги и кариера при Универзитетот во Тетово, Шабан Арслани, апелираше до професорите и до студентите да аплицираат на овие стипендии бидејќи се многу важни и многу неопходни за нив. Тој рече дека Центарот за кариера отсекогаш бил и продолжува да биде во служба на студентите, олеснувајќи им ги сите процедури за апликација и обезбедување дополнителни информации на заинтересираните кандидати. Роковите за пријавување и подетални информации може да се најдат на официјалните веб-страници на DAAD, како што се:
http://www.daad.de/stipendien dhe http://www.daadskopje.blogspot.com