Почитувани студенти,
Ве информираме дека објавивме конкурс за апликација на Програмата за размена ЕРАЗМУС+ за летниот семестар во академската 2021/’22 година.
На веб-страницата на Универзитетот во Тетово: www.unite.edu.mk e поставен линкот Еразмус+, каде што имате можност да ги видите универзитетите и студиските насоки со кои имаме потпишан договор за соработка.
Онлајн апликацијата се наоѓа на следниот линк: http://erasmus.unite.edu.mk:3500/Application, на веб-страницата на Универзитетот.
Право за аплицирање имаат студентите од:
• прв циклус (редовните студенти од втора година па нагоре),
• втор циклус и
• трет циклус.
Со Вашата апликација треба да приложите и мотивациско писмо, препорачано писмо на англиски јазик и потврда дека сте редовен студент. Целата документација се доставува само онлајн.

Рокот за аплицирање е до 25 октомври 2021 г.