Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2018/2019 година
Вести и настани
Објавено: 30 октомври 2018
Посети: 861
• Печати
• Е-пошта
Врз основа на член 49 став 1 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр.15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16 и 64/18) и член 2 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/13), Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија
за студиската 2018/2019 година

Министерството за образование и наука за студиската 2018/2019 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа по следните групи:
а) Прва група – 1.500 стипендии за студенти од социјални категории;
б) Втора група:

– 630 стипендии (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
– 125 стипендии (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;
в) Трета група – 530 стипендии (500 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.
– 105 стипендии (70 стипендии за студенти, припадници на македонскиот народ, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:
• 20 стипендии на студиите по хемија,
• 20 стипендии на студиите по физика,
• 30 стипендии на студиите по математика и
(35 стипендии за студенти од припадници на заедниците кои не претставуваат мнозинство во Република Македонија запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи), кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика и тоа:
• 10 стипендии на студиите по хемија,
• 10 стипендии на студиите по физика,
• 15 стипендии на студиите по математика.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни студенти;
2. да не повторувале година во текот на студирањето;
3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
4. да се државјани на Република Македонија.
Критериуми за доделување на стипендиите се:
а) Прва група – стипендии за студенти од социјални категории
1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2018/2019 година за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.
2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови.
3. За критериумот материјални можности на студентите и нивното потесно семејство, се земаат вкупните месечни примања по член на семејството на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управа за јавни приходи – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи). По основ на овој критериум се добива најмногу 60 бодови.
4. Дополнителни 10 бодови добиваат студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија.
5. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
6. Документите на студентите, кои ќе освојат 0 бодови по основ на критериумот материјални можности (прикажани во точката 3 на оваа група), нема да се разгледуваат.
б) Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето
1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2018/2019 година за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 100 бодови.
2. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 90 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само еден испит помалку од вкупно предвидениот број на испити.
3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.
в) Трета група – стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки
1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2018/2019 година. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 100 бодови.
2. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 05.11.2018 година заклучно со 20.11.2018 година.
Препорачливо е пред електронското пријавување, кандидатите да ги комплетираат потребни документи согласно стипендијата за која аплицираат, за да можат во електронската пријава да ги внесуваат точните податоци од документите .
За студентите кои се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ
Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 05.11.2018 година до 23.11.2018 година, во избраниот термин, да ги донесат или да ги испратат по пошта со препорачана пратка на горенаведената адреса следните документи:
1. Евидентен лист, објавен на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk
2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2018/2019 година;
3. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
4. Уверение за положени испити од претходните години;
5. Заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавен на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk
6. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
– За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварена плата за месец септември 2018 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата);
-за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија – чек;
– За разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
– За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;
– За инвалидитет да се достави наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој и
– За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција.
7. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk;
8. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk;
9. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://mon.gov.mk.
10. Фотокопија од индексот.
Кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од прва група ги доставуваат сите документи (од бр.1 – бр.10), додека студентите кои се пријавуваат за стипендија од втората и третата група ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 7, 8, 9 и 10.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.161/16), ќе ги обезбеди следните документи:
-Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
-статус за членовите на потесното семејство на кандитите, од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
-за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;
-за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

IV. КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:
1. Доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.
2. Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

V. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ
Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 11.01.2019 година на веб страната на Министерството.

VI. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ
Висината на стипендијата за Прва група – стипендии за студенти од социјални категории изнесува 3.300,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година на техничките факултети и медицинските науки од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато од најмалку 9,00 просечен успех изнесува 4.400,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето од најмалку 9,00 на студиските програми по информатика изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Трета група – стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки изнесува 3.300,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Трета група – стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика изнесува 18.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Студентот кој конкурирал за два или повеќе групи на стипендии и ги исполнил условите за добивање, му се доделува стипендијата според приоритетот кој го направил во евидентниот лист.
Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
Потребни документи:
1. Евидентен лист
2. Заверен образец “УППИ”
3. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија
4. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава
5.Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 25 јануари 2019 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.
Потребни документи:
Изјава-не-користи-друга-стипендија.doc
Изјава-за-точност-на-податоците-2018.doc
Евидентен_лист_2018_-_едит.doc
ИЗЈАВА_лични_податоци_2018.doc
ОБРАЗЕЦ_УППИ_2018_.doc