Унгарската влада објави конкурс за доделување стипендии за програмата  Stipendium Hungaricum на Eötvös Loránd  универзитетот (ЕЛТЕ), кој е еден од најдобрите универзитети врз основа на квалитетот на професорите истудентите во Унгарија.
ЕЛТЕ (основана во 1635 година) е еден од водечките истражувачки универзитети во Унгарија. Овој универзитет е мошне популарна образовна институција меѓу кандидатите, како и Алма Матер на пет добитници на Нобеловата награда и водечките личности во технологијата, јавната политика и унгарската култура.

ЕЛТЕ има учествувано во оваа програма од 2013/2014 година и во моментов има речиси 600 Stipendium Hungaricum стипендии од 55 различни земји за студирањето на една од шесте студиски програми на факултетот по англиски јазик

Дипломските програми за меѓународните студенти на Eötvös Loránd Универзитетот може да се најде на оваа адреса: www.elte.hu/en/find-degree-program

Stipendium Hungaricum нуди стипендии:

  • Ослободување од плаќање на школарина;
  • Месечна исплата (за 12 месеци во годината, до завршување на студии);
    • за БА / BSc, програми МА / МЅс и едно магистерско ниво: cca 130 евра месечно
    • за докторски програми: CCA 450 евра месечно за првата фаза на образованието (4 семестри) и ССА 580 евра месечно за втората фаза (4 семестри);
  • Сместување без дополнителни трошоци ;
  • Здравствено осигурување.

Рок за апликација: 16 февруари 2018 година

Апликација: https://apply.stipendiumhungaricum.hu/

ЗАБЕЛЕШКА: Ако сакате да студирате на  Eötvös Loránd универзитетот со стипендија Stipendium Hungaricum, Ве молиме внимателно одберете ја програмата за дипломирање понудена од страна на Eötvös Loránd универзитетот како ваш прв избор!

Ве молиме имајте ја  предвид можноста дека исто така може да Ви се бара да ја предадете вашата апликација не само на Фондацијата Темпус, туку и кај одговорното лице во вашето место.

Повеќе информации за стипендијата и процедурата на аплицирање: http://studyinhungary.hu/study-in-hungary/menu/stipendium-hungaricum-scholarship-programme/call-forapplications-2018-2019.html

За стипендија:

Eötvös Loránd универзитетот:

За повеќе информации, Ве молиме контактирајте го Центарот за студентски услуги и кариери – УT, канцеларија бр. 147,-Филолошки факултет, кат 1.