Професорот по Прехранбено инженерство, проф. д-р Гокхан Дурмаз, од Инону Универзитетот во Малатја, Република Турција, по покана на Продеканот за наука, доц. д-р Ерхан Сулејмани, го посети Факултетот за прехранбена технологија и исхрана на Универзитет во Тетово и одржа предавање на тема „Detecting the falsified molasses“. Тој, исто така, пред студентите ја демонстрираше спектрофотометричната метода со назив: „Мерењето на антирадикалната активност со методата ДППХ“.

Студентите и професорите на УТ имаа можност да поставуваат прашања во врска со темата на предавањето. Професор Гокхан Дурмаз имаше средба и со Деканот на Факултетот за прехранбена технологија и исхрана, проф. д-р Џезаир Идризи. На оваа средба се дискутираше за подготвеноста за соработка, која е во интерес на студентите и на доброто функционирање на лабораториите. Исто така, се дискутираше и за можноста за размена на студентите и на академскиот кадар во иднина.