Со поддршка на Универзитетот во Тетово, односно Факултетот за медицински науки, како и на Медицинскиот факултет во Тирана и на Факултетот за медицински науки во Приштина, беше формирано Албанското здружение на морфолози и анатомисти. Ова здружение е основано по бројните дискусии и дебати што се одржаа меѓу лекарите, хирурзите и анатомите во текот на третата меѓународна научна конференција на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово, која се одржа во Охрид.
Создавањето на ова здружение го поддржаа и ректорот на Универзитет во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, и ректорот на Универзитетот за медицина во Тирана, проф. д-р Арбен Ѓата, кои на средбата одржана на 10-ти ноември 2018 година во Охрид, соопштија дека ќе бидат на располагање за ова здружение со постојана поддршка. „Иницијативата за формирање на Албанското здружение на регионално ниво треба да се поздрави. Универзитетот во Тетово ќе биде подготвен да му помогне на ова здружение, кое во своето членство ќе има предавачи од сите албански универзитети. Основањето на ова здружение требаше одамна да се направи, но подобро подоцна отколку никогаш. Ова ќе биде добра можност за академскиот кадар, анатомите, физиолозите, хирурзите, но и другите од областа на медицината, со цел да соработуваат, да подготвуваат и имплементираат различни проекти, со кои ќе учествуваат во разни меѓународни проекти. Ние како општество само на овој начин можеме да го следиме патот на цивилизираните нации“ – оцени ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети.
„Оваа иницијатива е извонредна. Ние како институции честопати сме разменувале ставови за можностите за интегрирање на сите предметни програми, основната формација и идејата за создавање на ова албанско здружение на морфолози, анатоми, хистолози, па дури и патолози. Впрочем, јадрото на зборот е морфологијата и формирањето на националното здружение за мене е прекрасна идеја и ние ќе го поддржиме ова здружение со сите наши можности, бидејќи сите наши факултети ќе имаат заедничка програма, која ќе биде корисна за нашите студенти“ соопшти Арбен Ѓата, ректор на Универзитетот за медицина во Тирана.
На средбата одржана за формирање на Албанското здружение на морфолози и анатомисти, со одлука на сите учесници беше избрано привременото претседателство на здружението, со претседател проф. д-р Сади Беџети и двајца потпретседатели, проф. д-р Артур Хафизи и проф. д-р Хилми Даути од Универзитетот во Приштина, додека за секретар беше избран д-р мед. Селим Черкези.
По изборот на привременото претседателство на здружението, претседателот проф. д-р Сади Беџети рече дека тој и неговите членови ќе бидат посветени на подготовка на статутот на здружението во што е можно пократок временски период, со одржување на неколку состаноци, во Албанија, Косово и Македонија, за дефинирање на статутот, како ќе функционира ова здружение понатаму. Основачи на здружението се сите други здруженија кои се занимаваат со предметот на хирургија и не ги спречуваме да бидат членови на здружението. Целта на основањето на здружението е дека нашето членство во федерацијата на анатоми ни овозможува да купуваме научни списанија, книги со различни терминологии по многу поевтини цени, да добиваме информации на време, во исто време да се направат промени на таквите зборови за да се информираат сите лекари и меѓународната комуникација да се врши сѐ повеќе на латински јазик. Сите овие процеси ќе ги разгледаме во еден труд кој ќе биде дел од статутот на здружението и ќе го дистрибуираме до сите лекари и колеги кои сакаат да бидат членови. Ова ќе биде здружение основано на Универзитетот во Тетово”, рече проф. д-р Сади Беџети, претседател на Албанското здружение на морфолози и анатомисти.
Основањето на здружението беше поддржано од многу други личности од областа на медицината.