Почитувани студенти и други посетители,

Во согласност со Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот ковид-19 и заштита на населението за време на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 107/’20), Ве известуваме дека влез во зградите на Универзитетот во Тетово ќе биде дозволен само за оние студенти, односно други  посетители кои ќе носат лична заштита на лицето.

Обврската за носење лична заштита на лицето е задолжителна за време на целиот престој во просториите во зградите на Универзитетот.

Под лична заштита на лицето во согласност со членот 1, став 3 од Уредбата, се подразбира каква било форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2) или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал и сл.

Во согласност со Протоколот на Владата на Р. С. Македонија, кој произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, при одржување работници состаноци и други собири во просториите на Универзитетот, потребно е да се почитуваат следниве мерки:

  • Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа.
  • Се ограничува бројот на учесници во согласност со просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5 – 2 м, но не повеќе од 30 лица.
  • Пред почетокот на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат.
  • Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите.
  • За време на паузите се забранува групирање на присутните.

Со почитување на мерките заеднички ќе придонесеме за зачувување на сопственото здравје, а, исто така, и на здравјето на другите.

 

Универзитет во Тетово