Имајќи го предвид волјата за унапредување на студентските права на Универзитетот во Тетово, но и на сите студенти во Република Македонија, како и духот на правилното информирање на јавноста, раководителите на Универзитетот во Тетово го следи од блиску артикулирањето на студентскиот глас, кој представува здрава премиса за текот на севкупните друштвени процеси.

Универзитетот во Тетово никогаш не се двоумил и не се двоуми да го слуша гласот на студентите и да рефлектира соодветно и во нивна полза и во полза на целото наше општество. До денеска, ние ги ставивме во функција сите механизми со кои располагаме во духот на оваа филозофија, трасирана од албанската младина и нашиот народ низ најтемните историски периоди низ кој поминавме како ниту еден друг народ на светската историја, жртвувајќи се и делејќи го и лебот со цел и албанците во Македонија да се школуваат на нивниот мајчин јазик, и со ова да се постават темелите на подобрата иднина на целото наше друштво и целиот наш народ.

За сите проблеми со кои се соочуваат студентите, во сите случаи кога имавме оправдани причини, ние секогаш сме ги презеле сите потребни мерки и секогаш ќе бидеме готови да останеме верни на овој хуман етички и законски принцип. Универзитетот во Тетово му припаѓа на народот и на студентската младина и не смее да стане мета на било кој, уште помалку на разните интересни групи. Секоја вознемиреност или секој револт ќе се реши на институционален начин, било да е индивидуален или колективен.

Како раководители на Универзитетот, земајќи ги предвит овие параметри, кои се совпаѓаат со нашата мисија, но и со вековното страдање на албанскиот народ на овие простории, им порачуваме на студентите на Универзитетот во Тетово дека вратите на овој голем народен проект се секогаш отворени за нив и дека професоратот, органите и раководителите на Универзитетот се перманентрно во нивна услуга.