„Скендербег меѓу историјата и книжевноста“ беше носечката тема на XII Меѓународен семинар за албански јазик, литература и култура, кој се организираше денеска на Универзитетот во Тетово. Семинарот веќе има создадено своја традиција и е значаен сегмент и за студиите од областа на јазикот, книжевноста и албанската етнокултура,со оглед на тоа дека неколку години по ред учесници и гости се голем број научници, професори и студенти од земјата и од регионот.
Семинарот го отвори проректорот за настава на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Решат Ќахили. Тој соопшти дека Семинарот се организира токму во периодот пред почетокот на новата академска 2018/2019 година, на годишнината од смртта на нашиот херој, Скендербег. „Потпирајќи се на историската вредност на 2018 година за сите Албанци, главната тема на Семинарот е: „Скендербег меѓу историјата и книжевноста“. Меѓународниот семинар за албански јазик, литература и култура, преку одделните сесии ќе ги евидентира разните проблеми од областа на јазикот, книжевноста, историјата, етнокултурата и албанските медиуми. Овој научен собир на албанолози од нашата земја и пошироко не е насочен само кон собирање на стручњаците на горенаведените сесии за да ги изразат своите ставови за различните прашања со кои се соочува албанското општество, туку ги повикува и истражувачите да се позиционираат научно и да го дадат својот придонес кон конкретни прашања, веќе докажани во секојдневната употреба на албанскиот јазик, да ги истакнат вредностите на албанската литература, да ги афирмираат и да ги заштитат историските личности на албанскиот народ” – истакна проф.д-р Решат Ќахили.
Директорот на Семинарот за албански јазик и литература, проф. д-р Салајдин Салиху, пред присутните соопшти дека на Семинарот, освен главната тема, ќе се дискутираат и други теми од областа на јазикот, книжевноста, историјата, етнокултурата и медиумите. „Ќе се дискутира за можноста на дигитализирање на нашето културно наследство, како што прават цивилизираните нации кои се грижат за историјата. Исто така, ќе се дискутира за судирот меѓу светот на Гутенберг и дигиталниот свет, како и траумите што нè придружуваат во овој среднорочен период. Денеска, исто така, ја промовираме и книгата ‘Етимолошки речник на албанскиот јазик’ на починатиот автор Колец Топали, еден од најистакнатите интелектуалци на албанскиот народ. Исто така, го промовираме и новиот број на‘Албанологија’, едно од многубројните списанија што се издаваат под логото на Универзитетот во Тетово. Содржините на ова списание се мал придонес за нашата култура“ – изјави проф. д-р Салајдин Салиу.
Директорот на Институтот за лингвистика и литература во Тирана, д-р ВалтерМемишај, зборуваше за важноста и содржината на делото „Етимолошки речник на албанскиот јазик“ на Колец Топали. Во мое име и во името на институцијата со која јас раководам им се заблагодарувам на сите организатори на Семинарот, особено раководството на Универзитетот на чело со ректорот проф. д-р Вулнет Амети. Ова дело се промовира по смртта на почесниот професор на овој интелектуален простор и тоа е доказ на сериозната оцена на целиот научен производ што го наследивме од професорот. Дејноста на Колец Топали се фокусира особено на фонетската историја и етимологијата на албанскиот јазик – истакна проф. д-рВалтерМемишај.
Раководителот на Катедрата по албански јазик и книжевност на УТ, проф. д-р Бертон Сулејмани, во неговиот збор околу делото на професор Топали соопшти дека професорот е истакната личност во албанската наука на нашето време, а резултатите на неговата работа опфаќаат разни области на истражување на историјата на албанскиот јазик. „Тој ја заврши својата научна дејност со големи успеси во фонетската историја, за историјата на граматиката, лексиката, како што е ‘Етимолошкиот речник на албанскиот јазик’. Би додал дека бројот на таквите научници, кои го посветуваат целиот живот на науката, е многу мал. Ваквото големо искуство во животот исполнето со истражувања ќе ѝнедостига долго на нашата наука“ – посочи проф. д-р Бертон Сулејмани.
Проф. д-р Анила Омари од Центарот за албански студии во Тирана соопшти дека „Етимолошкиот речник на албанскиот јазик“од професорот Колец Топали е неговото последно дело, кое преставува крај на животот посветен на научното истражување во областа на албанскиот јазик и неговата историја. Професорот Колеци ги започна студиите за историјата на албанскиот јазик во почетокот на 70-те години и првите резултати ги објави на единственото научно списание на Институтот на лингвистика „Фололошки студии“ – соопшти проф. д-р Анила Омари.
Проф. д-р Бегзат Балиу од Универзитетот во Приштина соопшти дека „Етимолошкиот речник на албанскиот јазик“останува една од најголемите синтези и еден од најдлабоките синтетички корпуси на албанскиот јазик. „Делото на професорот Колец Топали е продолжување на етимолошките студии на албанскиот јазик, кое методолошки и концептуално ги претставува најдобрите успеси не само на нејзините внатрешни развојни, туку и на европската школа воопшто“ – истакна проф. д-р Бегзат Балиу.
На овој настан, директорот на Институтот за лингвистика и книжевност во Тирана, проф. д-р ВалтерМемишај му ја подари книгата „Етимолошки речник на албанскиот јазик“ на ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети.