Во рамките на проектот „Унапредување на социјалната кохезија во Република Македонија“ денеска на Универзитетот во Тетово се одржа обука со студентите на Педагошкиот факултет на нашиот Универзитет и студентите на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. Овој проект е поддржан од УСАИД во Македонија и се спроведува од страна на Search for Common Ground, меѓународна организација со седиште во Вашингтон.
Директорот на овој проект, г. Пајтим Саити, рече дека оваа обука се реализира во рамките на првата компонента на проектот. Од аспект на образованието, меѓу другото, се предвидува да се организираат обуки за воспитувачките и негувателките во градинките и родителите на децата што ги посетуваат детските градинки. Потоа се предвидува за наставници вработени во основни училишта, студенти на јавните факултети, односно студенти на педагошките факултети од пет јавни универзитети во Република Македонија и завршува со обука на советниците и инспекторите од Бирото за развој на образованието и Државниот инспекторат за образование.Обуката со студентите е предвидено да се врши во три циклуси. Ова е вториот циклус на обуки и во овој циклус на обуки ги доближуваместудентите од различни факултети, во овој случај, денес гости на Универзитетот во Тетово и Педагошкиот факултет се студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, односно студентите на Факултетот за образовни науки на Универзитетот”- соопшти Пајтим Саити.
Реализацијата на овој проект беше поздравена од деканот на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Фадби Османи.Тој рече дека таквите обуки ќе бидат од голема помош за нашите студенти, кои ќе стекнат широко познавање за тоа како треба да ги вршат своите професии во иднина, како едукатори, наставници, педагози и така натаму.
Продеканот на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, проф. д-р Деспина Сивевска, истакна дека овие знаења и искуствасе многу корисни за студентите бидејќи им одговараат на предизвиците во едно општество. Преку овие проекти нашите студенти ќе бидат подготвени како да работат со ученици, деца и така натаму.
По завршувањето на обуката, студентите ќе бидат опремени со нови знаења, ќе добијат и сертификати за учество во оваа обука.
Според директорите на овој проект, целта на проектот е преку овие обуки студентите од јавните универзитети во земјата да се доближат еден до друг, знаејќи дека, иако Тетово и Штип се два географски далечни градови, но преку овие соработки студентите ќе имаат можност да се запознаат и да продолжат со соработка и покрај географската дистанца.