Универзитетот во Тетово и Колеџот ААБ од Приштина, Косово, потпишаа меморандум за соработка. Целта на овој договор е развој на академската соработка и промовирање на доброто разбирање меѓу двата универзитетa. Актот на овој меморандум го потпишаа Rекторот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, и Rекторот на Колеџот ААБ од Приштина, проф. д-р Љуљзим Тафа.

Според Договорот, целта на оваа соработка е создавање партнерство меѓу Универзитетот во Тетово и Колеџот ААБ, и тоа на професионално, образовно и на научно поле, и ги опфаќа сите студиски програми.

Со овој договор и двете институции се согласуваат да развијат активности во академските области од заеднички интерес, потпирајќи се на принципите на еднаквост и реципроцитет, како: размена на академскиот и на административниот кадар; размена на студентите од разни циклуси на студии за семестрални периоди или во одредени периоди за изведување на практика; заеднички активности во научното истражување; учество на семинари, конференции, настани и академски собири; размена на академските материјали и на други потребни информации, одделни академски програми за краток временски рок, вклучувајќи го и заедничко организирање на летни школи; заедничко аплицирање на домашни и меѓународни фондови од областа на високото образование и наука; создавање на административно олеснување во вработувањето на академскиот кадар на определено работно време; како и други форми  на соработка.

По потпишување на Договорот, Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, и Ректорот на Колеџот ААБ, проф. д-р Љуљзим Тафа учествуваа на некои спортски активности, кои се реализираа во спортската сала на УТ, организирани од Факултетот за физичка култура на Универзитетот во Тетово и Факултетот за физичка култура и спорт на Колеџот ААБ од Приштина.