На вториот форум на ректорите од Западен Балкан, одржан на Универзитетот во Загреб на 2 ноември 2018 година, ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, заедно со дваесет и двајца други ректори, ја потпиша Декларацијата за формирање Асоцијација на универзитетите од Југоисточна Европа и од Западен Балкан. Декларацијата беше потпишана во согласност со заклучоците од првиот форум на ректорите од Западен Балкан, што се одржа на Универзитетот во Нови Сад на 24 и 25 септември 2018 година. Според учесниците на овој форум, целта на Асоцијацијата беше да се зајакне меѓууниверзитетската соработка, како и реализацијата на заедничките активности од областа на науката, високото образование, истражувањето и размената на новите знаења.
Ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети, пред своите колеги, рече дека Универзитетот во Тетово, како еден од петте јавни универзитети во Република Македонија, континуирано се ангажира во унапредувањето на образовните и научните процеси, но и во други области важни за општеството во Република Македонија пошироко. Според него, важен и постојан дел од агендата на Универзитетот во Тетово е соработката и зајакнувањето на партнерството со универзитетите од државата, регионот и меѓународните арени, додавајќи дека во функција на оваа цел Универзитетот во Тетово целосно го поддржува формирањето на ова меѓууниверзитетска асоцијација.
Универзитетот во Тетово, како институција за високо образование во Македонија, е ориентиран кон европските и западните вредности и е вклучен во многу меѓународни асоцијации. Почнувајќи од ова, ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети побара од ректорите на Асоцијацијата на универзитетите од Југоисточна Европа и од Западен Балкан, во Декларацијата и работната програма да се вклучат и некои предлози на Универзитетот во Тетово, како што се: мобилноста на студентите и академскиот кадар; формирање заедничко научно списание; креирање заедничка студиска програма за I, II и I I I циклус; создавање заеднички институт кој ќе ги проучува културите, јазиците, историјата на балканските народи; организирање заедничка годишна конференција; подготовка на двојни програми; вклучување во заеднички програми со цел да се олесни пристапот до фондовите на Европската Унија; организирање студентска летна школа; организирање годишен спортски турнир; подготовка и усвојување правилник на форумот; дефинирање на раководството на форумот; утврдување на условите и времетраењето итн.
Врз основа на потпишаната изјава, Асоцијацијата ќе продолжи да развива регионална платформа за соработка во истражувањето, со посебен акцент на подобрувањето на квалитетот на високото образование во Југоисточна Европа и во Западен Балкан. Ќе создадат услови за заедничко градење на капацитетите во областа на науката, високото образование и размена на знаењето. Активно ќе се ангажира во корист на заедничките интереси на институциите на Европската Унија, со цел да се поттикне мобилноста на наставниците, соработниците, научниците и студентите. Исто така, од ЕУ ќе бараат да обезбедат фондови за финансирање на универзитетите од Југоисточна Европа и од Западен Балкан, што е можност повеќе за финансирање на науката, што не треба да биде помало од 1% од бруто националниот доход. Следниот форум на Асоцијацијата на универзитетите од Југоисточна Европа и од Западен Балкан, трет од ваков вид, се очекува да се одржи на Универзитетот во Мостар во периодот јануари – февруари 2019 година. По завршувањето на форумот на ректори, ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, на покана на ректорот на Универзитетот во Загреб, проф. д-р Дамир Бурас, присуствуваше на одбележувањето на 350-годишнината на овој универзитет.