Универзитетот во Тетово денеска додели 90 стипендии за најдобрите студенти од основните студии. Во присуство на нивните родители и нивните семејства, најистакнатите студенти од 13-те академски единици на Универзитетот во Тетово свечено ги добија стипендиите од страна на ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети.
Во своето обраќање до студентите и членовите на нивните семејства, ректорот проф. д-р Вулнет Амети рече дека нашиот универзитет, како храм на високото образование на албански јазик и научноистражувачки центар во нашата земја и пошироко, секоја година ги постигнува приоритетите на академските активности и на тој начин бележи конкретни резултати во областа на образованието и истражувањето. „Во оваа прилика, во мое име и во име на Универзитетот, на деканите на факултетите, професорите, студентите, вработените во администрацијата, им честитам за оваа активност што ја организираме денес како еден од најспецифичните настани во општата дејност на Универзитетот во Тетово. Со заедничкиот придонес, сериозната посветеност на секој од нас, успеавме да ги исполниме очекувањата во образованието и науката, така што доделувањето на стипендиите за истакнати студенти е вистинско сведоштво дека нашиот Универзитет е идентификуван како институција на натпреварот за знаење, конкуренција, но, исто така, и на големите можности. Дозволете ми да ве известам дека во согласност со Законот за високо образование, Статутот на Универзитетот и одлуката на Сенатот, денес ќе доделиме стипендии за 90 студенти од првиот циклус во академската 2018/2019 година. Како ректор на Универзитетот во Тетово, им честитам на нашите студенти кои ги исполнија потребните образовни критериуми и ги добија додипломските стипендии врз основа на нивната работа, способност и заслуга, а истовремено им се заблагодарувам за придонесот што го даваат и за честа што му ја даваат на Универзитетот во Тетово. Но, пред сè, посебна почит и благодарност за вашите родители и семејства, кои ве поддржуваат на овој успешен пат, бидејќи без нивна поддршка, таквото достигнување би било невозможно ” – рече ректорот проф. д-р Вулнет Амети. Исто така, ректорот во својот говор додаде дека во иднина тој и неговиот тим ќе продолжат да работат на унапредување на наставно-научниот процес, зајакнувањето на универзитетските капацитети достојни на барањата и предизвиците со кои се соочува современиот свет.
Најдобрите студенти, по добивањето на стипендиите, им се заблагодарија на раководителите на Универзитетот во Тетово за поддршката што им ја даваат, бидејќи овие награди им даваат дополнителна волја за да продолжат со студиите со поголема посветеност.