Врз основа на членот 182 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024); Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово; Статутот на Универзитетот во Тетово; и потребата од ангажирање лица во насловни звања, се распишува

 

К О Н К У Р С

за избор на наставници во насловни звањана единиците на Универзитетот во Тетово

 

Се распишува конкурс за избор во насловни звања на единиците на Универзитетот во Тетово, и тоа на следниот начин:

 

 

ФИЛОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Англиски јазик, Друго (6.02.01.16, 6.02.01.33 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

Кандидатите за избор во насловните звања треба да ги исполнуваат општите услови за избор во наставно-научни звања во согласност со членот 166 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024) и посебните услови утврдени со општите акти на Универзитетот во Тетово.

 

Исполнетоста на општите и на посебните услови кандидатите треба да ја докажат со приложување на следнава документација:

  • пријава (се подигнува од архивата на Универзитетот);
  • диплома и уверение на оценки од завршени додипломски студии (оригинал и по една копија заверена на нотар), странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со решение од ресорното министерство за еквиваленција на оценките;
  • диплома и уверение на оценки од завршени магистерски студии (оригинал и по една копија заверена на нотар), странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со решение од ресорното министерство за еквиваленција на оценките;
  • диплома за завршен трет степен на студии – докторски студии од соодветната област за која се врши изборот;
  • список и по еден примерок од објавените научни трудови;
  • доказ за познавање на еден од странските светски јазици;
  • кратка биографија;
  • одлука за избор во наставно-научно, научно или наставно-стручно звање (доколку претходно бил избран на друга институција);
  • приказ со доказ за професионално искуство (наставно-образовна дејност, научноистражувачка дејност, стручно-уметничка и апликативна дејност, како и дејности од поширок интерес) – приказот треба да биде систематизиран по видот на дејноста и по период;
  • уверение за државјанство.

 

 

*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 5 работни дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при  Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.

 

Универзитет во Тетово