Факултетот за уметности како составен дел на Универзитетот во Тетово со студиските програми Ликовна уметност, Музичка уметност и Драмска уметност претставува темел на високото образование од областа на уметноста. Во текот на овие децении постоење, сите овие студиски програми во рамките на Факултетот за уметности изградија познат профил, заземаа посебно место во целокупниот образовен систем на РСМ и формираа генерации млади луѓе посветени на уметноста и воопшто на креативниот пристап.
Со формирањето на Универзитетот во Тетово на 17 декември 1994 година, во негов состав е формиран и Факултетот за уметности. Во 1996/2002 година, Факултетот за уметности се трансформира во три факултети: Факултет за ликовни уметности, Факултет за музичка уметност и Факултет за драмски уметности. Во 2002/2004 година трите факултети се споија во еден факултет: Факултетот за уметности со три студиски програми: Ликовна уметност, Музичка уметност и Драмска уметност.
Во 2004 година, Универзитетот во Тетово од страна на Одборот за акредитација на Министерството за образование и наука на Република Македонија беше официјално именуван како Државен универзитет во Тетово и во негов состав Факултет за хуманитарни науки и уметности со две студиски програми: Ликовна уметност и Музичка уметност. Но, во 2008 година беше трансформиран во Факултет за уметности, име што го носи и денес (07.07.2008 година беше прогласен за ден на Факултетот за уметности).
Во моментов на Факултетот за уметности постојат овие студиски програми:

● Ликовна уметност – Ликовна педагогија
● Ликовна уметност – Сликарство
● Ликовна уметност – Вајарство
● Ликовна уметност – Графика
● Ликовна уметност – Графички дизајн
● Музичка уметност – Музичка педагогија
● Музичка уметност – насока Музикологија
● Музичка уметност – насока Соло пеење
● Музичка уметност – насока Пијано
● Музичка уметност – насока Виолина
● Музичка уметност – насока Виола
● Музичка уметност – насока Виолончело
● Музичка уметност – насока Контрабас
● Музичка уметност – насока Гитара
● Музичка уметност – насока Флејта
● Музичка уметност – насока Кларинет
● Музичка уметност – насока Обоа
● Музичка уметност – насока Труба
● Драмска уметност – насока Актерство
● Драмска уметност – Театарска режија
● Драмска уметност – насока Филмска режија
● Драмска уметност – насока Монтажа
● Драмска уметност – насока Продукција
● Драмска уметност – насока Кинематографија
● Драмска уметност – насока Филмско сценарио и драматургија

Студиите на Факултетот за уметности се прилагодени на Системот за акумулација и трансфер на кредити, кој е конципиран во согласност со препораките и рамката дефинирана од европските академии и факултети и во согласност со Болоњската декларација. Студиите од прв циклус на Факултетот за уметности траат четири академски години (осум семестри од 240 ЕКТС кредити), додека студиите на втор циклус траат една академска година (два семестри од 60 ЕКТС кредити). Факултетот за уметности зема активно учество во спроведувањето на Програмата Темпус и Еразмус + и е во континуирана соработка со универзитети од целиот регион.
За прием на нови студенти, поради специфичноста на предметите, постојат одредени услови за пријавување, односно право на пријавување имаат сите оние кои завршиле четиригодишно средно образование и успешно го положиле приемниот испит.
Од своето основање до денес, Факултетот за уметности има статус на водечка институција во областа на уметничкото образование. Во текот на 27-те години од неговото постоење, учествувале околу 96 професори – истакнати уметници од Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово. Од оваа институција дипломирале околу 656 студенти, меѓу кои голем број успешно ја претставувале државата со изложби, филмови, концерти, значајни театарски претстави во земјата и странство.
Како и другите високообразовни институции, Факултетот за уметности во Тетово се соочува со предизвиците на модерната ера. Сите карактеристики на времето во кое живееме се пресликани во дејноста на Факултетот. Обврска на наставниците на Факултетот е да обезбедат наставни програми, чија содржина мора да биде во склад со потребите на времето.

Прв циклус

Студиска програма ЕКТС Квалификација
Ликовна уметност – Ликовна педагогија 240 Дипломиран ликовен педагог (сликар, вајар, графист) Download
Ликовна уметност – Сликарство 240 Дипломиран ликовен уметник – сликар Download
Ликовна уметност – Графика 240 Дипломиран ликовен уметник – графист Download
Ликовна уметност – Вајарство 240 Дипломиран ликовен уметник – вајар Download
Ликовна уметност – Графички дизајн 240 Дипломиран графички дизајнер Download
Музичка уметност – Музичка педагогија 240 Дипломиран музички педагог Download
Музичка уметност – Композоција 240 Дипломиран композитор Download
Музичка уметност – Диригирање 240 Дипломиран диригент Download
Музичка уметност – Музикологија 240 Дипломиран музиколог Download
Музичка уметност – Соло пеење 240 Дипломиран соло пејач Download
Музичка уметност – Кларинет 240 Дипломиран по кларинет Download
Музичка уметност – Флејта 240 Дипломиран по флејта Download
Музичка уметност – Пијано 240 Дипломиран по пијано Download
Музичка уметност – Виолина 240 Дипломиран по виолина Download
Музичка уметност – Виола 240 Дипломиран по виола Download
Музичка уметност – Виолончело 240 Дипломиран по виолончело Download
Музичка уметност – Контрабас 240 Дипломиран по контрабас Download
Музичка уметност – Гитара 240 Дипломиран по гитара Download
Музичка уметност – Обоа 240 Дипломиран по обоа Download
Музичка уметност – Труба 240 Дипломиран по труба Download
Драмска уметност – Актерство 240 Дипломиран актер Download
Драмска уметност – Театарска режија 240 Дипломиран театарски режисер Download
Драмска уметност – Филмска режија 240 Дипломиран филмски режисер Download
Драмска уметност – Монтажа 240 Дипломиран филмски монтажер Download
Драмска уметност – Кинематографија 240 Дипломиран кинематограф Download
Драмска уметност – Продукција 240 Дипломиран продуцент Download
Драмска уметност – Филмско сценарио и драматургија 240 Дипломиран драматург Download

Втор циклус

Студиска програма ЕКТС Квалификација
Сликарство 60 Магистер по ликовни уметности – Сликарство
Вајарство 60 Магистер по ликовни уметности – Вајарство
Графика 60 Магистер по ликовни уметности – Графика
Графички дизајн 60 Магистер по графички дизајн

Декан
Проф. м-р. Сенад Абдули
senad.abduli@unite.edu.mk

Продекан за настава
Проф. д-р. Јелдез Асани
jelldes.asani@unite.edu.mk

Продекан за наука
Проф. д-р. Нора Халими
nora.halimi@unite.edu.mk

Секретар
Арбер Амети
arber.ameti@unite.edu.mk

Извештај за самоевалуација – превземи документ тука(Ажурирано: Април 2022)