Филолошкиот факултет, како академска единица на Универзитетот во Тетово, има традиција и искуство колку и самиот Универзитет (1994). Во рамките на Филолошкиот факултет од неговото основање функционирале следните катедри: Aлбански јазик и книжевност, Англиски јазик и книжевност, Германски јазик и книжевност. Со официјализирањето на Универзитетот во Тетово во 2004 година, студиските програми Албански јазик и книжевност, Англиски јазик и книжевност, Германски јазик и книжевност станаа дел од Факултетот за хуманистични науки. Од филолошките програми годинава беше отворена студиската програма Македонски јазик и книжевност.
Со адаптацијата на студиските програми според Болоњскиот систем и со акредитацијата од 2007 година повторно се формира Филолошки факултет, но покрај четирите студиски програми, кои веќе функционираат, се додаваат три нови студиски програми: Француски јазик и книжевност, Италијански јазик и книжевност, Превод и толкување. Филолошкиот факултет во 2013 година ги реакредитирал сите горенаведени студиски програми, вклучително и магистерските, додека докторските студии само за Германистика.
Во меѓувреме, во последните процеси на акредитација од 2021 година, покрај веќе традиционалните програми, акредитирани се шест нови програми од II циклус (магистерски студии), како што се: Методологија на наставата по албански јазик и книжевност 60 ЕКТС кредити, Методологија на настава по германски јазик 60 ЕКТС кредити и Методологија на настава по француски јазик 60 ЕКТС кредити. Покрај реакредитациите со 60 ЕКТС, сега за прв пат ги акредитиравме и студиските програми со 120 ЕКТС кредити: Англиска лингвистика, Англиска книжевност, Методологија на настава по англиски јазик. Иновација на Филолошкиот факултет е студиската програма Јазична редактура 60 ЕКТС кредити која е специјализација за јазично уредување.
Мисија: Филолошкиот факултет работи во рамките на Универзитетот во Тетово како академска единица насочена кон понуда на студиски програми од областа на филолошките науки, почнувајќи од изучување на националните науки (јазик, книжевност и албанска култура), настава и учење на странски јазици, книжевности и култури (македонски, англиски, германски, француски, италијански). Основните принципи на кои се заснова мисијата на оваа институција се главно поврзани со високото образование на младите од областа на хуманистичките и филолошките науки, како и подготовката на наставници по албански, македонски јазик и странски јазици. Студиските програми се во согласност со светските стандарди за подготовка на квалификуван кадар, задоволувајќи ги барањата на пазарот на трудот.
Стратегија за развој: Генерално, нашата работа како високообразовна институција се фокусира на некои конкретни елементи од нашата визија и мисија за иднината. Во стратешкиот план, Филолошкиот факултет прави напори континуирано да го подига квалитетот на наставата и да оди во чекор со докажаните универзитети. Меѓу главните цели е организирање на континуирана обука на академскиот кадар со цел подобрување на квалитетот на наставата и ангажман на наставници со високо стручно и научно искуство, континуирано унапредување на инфраструктурата и потребните услови за работа на факултетот, зголемување на квантитетот и квалитетот на научноистражувачката дејност, објавувањето книги и научни списанија, да се продолжи со индексирање на тековното списание „Филологија“ на други платформи, учество во заеднички проекти со сестрински факултети од регионот и пошироко во областа на наставата, извонредност во научно-истражувачката и стручната обука, итн.