Истакнатата кинески албанолог, професорката на Факултетот за Јазици на Универзитетот во Пекин на Кина, проф. Ке Јинг, придржувана од албанските академци проф. д-р Флореша Дадо и проф. д-р Шабан Синани, го посетиле Универзитетот во Тетово. За време на престојот на нашиот Универзитет, тие на почеток оствариле средба со ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вуљнет Амети, и деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Фатмир Сулејмани.
После тоа, албанологот Ке Јинг пред студентите и академскиот кадар на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Тетово одржи едно предавање на тема: „Албанскуте студии во Кина“. Професорката Ке Јинг, со своето албанско име Ѓина, во текот на презентацијата посебно се фокусира на историската улога на албанологијата. Исто така ги третирал и прашањата за идентитетот и неговото познавање преку другиот. „За мене ова посета е многу значајна. Мојата желба за да ја запознам одблиску Тетово се оствари. Во 80-тите години кога бев студент во Косово, во генерацијата сум имал и пријатели од Тетово и другите градови во Македонија како Струга, и од тоа време сум имал желба да ја посетувам Тетово, бидејќи овој град го има и Универзитетот во Тетово, еден квалитетен универзитет. Така, се надеваме дека ќе воспоставуваме соработка со овој универзитет, односно Катедрата на Албански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет на овој Универзитет, која во иднина се надевам ќе се оствари. Импресионирана сум од успесите на овој универзитет. Ми беше чест да држам предавање пред студентите и албанските професори тука во Тетово“, изјави проф. д-р Ке Јинг-Гјина. Деканот на Филолошкиот факултет изјави дека посетата на професорката од Кина, Ке Јинг-Гјина е од особено значење, бидејќи таа сега има направено име како албанолог и е позната не само во албанските простори и Кина, но о пошироко, и освен тоа, спред него, професорката Гина- Ке Јинг е една од познатите балканолози. „Таа направи огромен придонес за развојот на албанолошките студии во Кина од причината што таа беше раководител на Катедрата за Албанска Литература и Книжевност на Универзитетто во Пекин, додека денес исто така ги подржува и студиите по докторатурата, и преводот на албанските дела и публикации, како и подготвувањето на речникот на албанско-кинески и кинеско-албански јазик, и многу други нови придонесува за албанологијата на најголемата држава како што е Кина. Кина е една многу стара цивуилизација и да имаме од Кина албанолози од оваа категорија како професорката Гјина-Ке Јинг, е нешто многу важно за нашата култура“, истакна проф. д-р Фатмир Сулејмани. Во предавањето на алабанологот Ке Јинг учествувале голем број на студенти и професори на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Тетово.