Во име на Универзитетот во Тетово, ми претставува посебно задоволство и чест да ви честитам 7 Март – Денот на учителите. Првото Албанско училиште во Корча се смета за голем настан во нашата национална нова историја. Таа беше голема победа на Албанското национално движење, која беше крунисување на заедничките предизвици на татковинските организации, надвор и внатре во Албанија.

Токму во овој ден се потсетуваме на титанските напори за албанското училиште, натчовечкиот придонес на нашите  просветители за образование, наука и култура. Нивната порака и во ова време исто така ни дава сила и храброст да ја унапредиме светата мисија за поголемо знаење и светла иднина.

Да се заложиме сите за зајакнување на националното образование и преку нашите вредности да се обединиме со целокупните граѓански вредности на Европа и светот.

На нашите славни учители и на сите наставни работници им го честитам празникот 7 Март, со најдобри желби за нови успеси во нивната света мисија, образование и едукација на новите генерации.

 

Со почит,

Проф. д-р Вулнет Амети

Ректор на Универзитетот во Тетово