Врз основа на членот 182 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 82/18 и 178/21); Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово; Статутот на Универзитетот во Тетово; и потребата од ангажирање лица во насловни звања, се распишува
К О Н К У Р С
за избор на наставници во насловни звања
на единиците на Универзитетот во Тетово
Се распишува конкурс за избор во насловни звања на единиците на Универзитетот во Тетово, и тоа на следниот начин:
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Економска теорија, Економија на трудот, Банкарство (50300, 50320, 50321 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
ФАКУЛТЕТ НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Орална хирургија (30408 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Ортопедски болести (30215 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Инфектологија, Тропски и карантински заболувања (30208, 30224 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Орална хирургија, Друго (30408 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
ФАКУЛТЕТ УМЕТНОСТИ
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Ликовна уметност, Друго (30408 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Драмска уметност, Друго (30215 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Методика, Друго (50504, 50525 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
- Еден наставник во насловно звање доцент/вонреден професор од областа на Дефектологија (50521 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
Кандидатите за избор во насловните звања треба да ги исполнуваат општите услови за избор во наставно-научни звања, и општите услови за избор во наставно-научни звања по стручно-уметнички предмети, во согласност со членот 166 и 167 од Законот за високото образование (Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 82/18 и 178/21) и посебните услови утврдени со општите акти на Универзитетот во Тетово.
Исполнетоста на општите и на посебните услови кандидатите треба да ја докажат со приложување на следнава документација:
- пријава (се подигнува од архивата на Универзитетот);
- диплома и уверение на оценки од завршени додипломски студии (оригинал и по една копија заверена на нотар), странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со решение од ресорното министерство за еквиваленција на оценките;
- диплома и уверение на оценки од завршени магистерски студии (оригинал и по една копија заверена на нотар), странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со решение од ресорното министерство за еквиваленција на оценките;
- диплома за завршен трет степен на студии – докторски студии од соодветната област за која се врши изборот;
- список и по еден примерок од објавените научни трудови;
- доказ за познавање на еден од странските светски јазици;
- кратка биографија;
- одлука за избор во наставно-научно, научно или наставно-стручно звање (доколку претходно бил избран на друга институција);
- приказ со доказ за професионално искуство (наставно-образовна дејност, научноистражувачка дејност, стручно-уметничка и апликативна дејност, како и дејности од поширок интерес) – приказот треба да биде систематизиран по видот на дејноста и по период;
- уверение за државјанство.
*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 5 работни дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.
Универзитет во Тетово