Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018“ и „Службен весник на Република Северна Македонија бр. 178/2021“), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува

 

К О Н К У Р С

за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања и за избор-реизбор на соработници на Универзитетот во Тетово

 

Се објавува Конкурс за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања и за избор-реизбор на соработници на Универзитетот во Тетово:

 

ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Диференцијални равенки, Друго (10903, 10914 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  2. Еден асистент од областа на Физика, Биофизика (10300, 10303 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  3. Еден асистент од областа на Информатика, Развивање на софтвер и бази на податоци (11000, 11010 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  4. Двајца асистенти од областа на Информатика, Информациони системи и програмирање (11000, 11002 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  5. Еден асистент од областа на Информатика, Програмски јазици и системи (11000, 11003 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  6. Еден асистент од областа на Математика, Друго (10900, 10914 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  7. Еден асистент од областа на Применета математика и математичко моделирање, Друго (10912, 10914 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ФАКУЛТЕТ НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Психопатологија, Друго (30903, 30908 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  2. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Неврологија, Друго (30213, 30225 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  3. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Имунологија, Друго (30112, 30118 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  4. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Педијатрија, Друго (30217, 30225 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

 

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Казнено право (50804 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРЕХРАНБЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И ИСХРАНА

 

  1. Двајца асистенти од областа на Прехранбена технологија, Друго (41400, 41403 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

Услови за  наставно-научно звање доцент, вонреден и редовен професор:

  • одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
  • диплома од завршени додипломски студии;
  • диплома од завршени магистерски студии;
  • диплома за научното звање доктор по науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи трудот од докторската дисертација;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

Услови за соработничко звање:

  • диплома за звањето магистер на науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи магистерскиот труд;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научни звања и соработнички звања, предвидени со членовите 166 и 170 од Законот за високото образование.

 

*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 5 работни дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при  Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.

 

                                                                                                  Универзитет во Тетово