Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија бр. 82/2018“ и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 178/2021), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува

К О Н К У Р С

за избор на соработници на Универзитетот во Тетово

 

Се објавува Конкурс за избор на соработници на Универзитетот во Тетово:

 

 

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден асистент од областа на Меѓународни односи и историја на дипломатијата (50815 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

Услови за соработничко звање:

  • диплома за звањето магистер на науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи магистерскиот труд;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во соработнички звања, предвидени со член 170 од Законот за високото образование.

 

*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 5 работни дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при  Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.

 

Универзитет во Тетово