Врз основа на членот 97 став (3) од Законот за високото образование (Службен весник на РМ, бр. 82/18 и 178/21) и членот 99 став (3) од Статутот на Универзитетот во Тетово и Одлуката од Сенатот на Универзитетот во Тетово, од седницата одржана на ден 29.05.2023 година, се објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за избор на ректор на Универзитетот во Тетово,
за мандатен период 2023 – 2026 година
I. Задолжителни критериуми за избор на ректор се:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Да е од редот на редовните професори.
II. Кандидатите за избор на ректор поднесуваат ПРИЈАВА која задолжително ги содржи следниве документи:
– програма за работа за период од три години;
– биографски податоци со компетенции за вршење на функцијата ректор;
– одлука за избор во звањето редовен професор;
– уверение за државјанство;
– потврда од надлежен орган за неосодуваност;
– податоци за контакт: е-адреса и телефонски број.
III. Пријавата од точка II. се доставува до Универзитетската изборна комисија и тоа:
– во оригинал или копија верна на оригиналот заверена на нотар со лично предавање преку Архивата во Ректоратот на Универзитетот во Тетово на адреса: ул. Илинденска, бб, 1200, Тетово, Ректорат при Универзитетот во Тетово, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, со назнака „за јавниот оглас за избор на ректор за мандатен период 2023-2026“.
– во електронска форма на следнава е-адреса: kuz@unite.edu.mk, најдоцна до 24 часот во последниот ден утврден со рокот од овој оглас.
Доколку кандидатот има електронски потписи издадени од овластени издавачи за електронски потписи, може документите да бидат потпишани со електронски потпис, во спротивно доставува скенирана потпишана документација со своерачен потпис.
IV. Рок за доставување на документацијата е најдоцна до 7 јуни 2023 г.
V. За оние кандидати кои не доставиле комплетна документација во согласност со овој оглас за избор на ректор, Универзитетската изборна комисија донесува решение за одбивање и тоа се доставува до одбиените кандидати.
Универзитет во Тетово
Превземи го документот во .pdf формат тука.
Важни документи:
- Одлука за отпочнување постапка за избор на ректор на Универзитет во Тетово за мандатен период 2023-2026
- Одлука за формирање Универзитетска изборна комисија за спроведување на постапката за избор на ректор на Универзитет во Тетово
- Роковник за реализациа на активностите од изборната постапка за избор на ректор на Универзитет во Тетово, 2023-2026 г.
- Упатство за избор на ректор на Универзитет во Тетово, за мандатен период од 2023-2026 г.
- Известување за овластени наблудувачи
- Решение за утврдување Конечна Листа на Кандидати за избор на ректор на УТ
- Распоред за лична јавна презентација на програмите на кандидатите за избор за ректор на УТ
Одлука и Записник