Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува

К О Н К У Р С

за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања на Универзитетот во Тетово

 

Се објавува Конкурс за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања на Универзитетот во Тетово:

 

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРЕХРАНБЕНА ТЕХНОЛОГИЈА И ИСХРАНА

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Микробиологија и имунологија, Безбедност на храна и ветеринарно јавно здравство (4.03.00.05, 4.03.00.22 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Микробиологија со паразитологија, Социјална медицина, Друго (3.01.00.07, 3.01.00.14, 3.01.00.16 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Физика, Медицинска физика, Друго (1.03.00.01, 1.03.00.10, 1.03.00.16 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  2. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Хемија, Образование по хемија (1.04.00.01, 1.04.00.08 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Економија, Друго (5.02.00.01, 5.02.00.09 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  2. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Економска статистика, Друго (50327, 5.02.00.09 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  3. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Меѓународна економија, Финансии (5.02.00.02, 5.02.00.07 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

 

Услови за  наставно-научно звање доцент, вонреден и редовен професор:

  • одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
  • диплома од завршени додипломски студии;
  • диплома од завршени магистерски студии;
  • диплома за научното звање доктор по науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи трудот од докторската дисертација;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

 

*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научни звања, предвидени со член 166 од Законот за високото образование.

 

*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 8 дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при  Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.

 

Универзитет во Тетово