Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува

 

К О Н К У Р С

за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања и на соработници на Универзитетот во Тетово

 

Се објавува Конкурс за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања и на соработници на Универзитетот во Тетово:

 

ФАКУЛТЕТ НА ПРИМЕНЕТИ НАУКИ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Животна средина (22500 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Теорија на воспитување, Образование на наставници, Друго (50505, 50513, 50525 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ

 

  1. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Фискална економија, Економија на трудот (50308, 50320 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  2. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Економска статистика, Друго (50327, 50329 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  3. Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Меѓународна економија, Друго (50309, 50326 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

ФАКУЛТЕТ НА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

 

  1. Еден асистент од областа на Фармакологија, Друго (30107, 30118 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
  2. Еден асистент од областа на Биофармација, Аналитика на лекови (30604, 30609 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).

 

Услови за  наставно-научно звање доцент, вонреден и редовен професор:

  • одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
  • диплома од завршени додипломски студии;
  • диплома од завршени магистерски студии;
  • диплома за научното звање доктор по науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи трудот од докторската дисертација;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

 

Услови за соработничко звање:

  • диплома за звањето магистер на науки од научната област во која се избира;
  • кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
  • список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
  • кратка биографија (CV);
  • да го приложи магистерскиот труд;
  • потврда за познавање странски јазик;
  • познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
  • извод од матичната книга на родените;
  • уверение за државјанство.

 

*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научни звања и соработнички звања, предвидени со членовите 166 и 170 од Законот за високото образование.

 

*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 5 работни дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при  Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.

 

                                                                                                  Универзитет во Тетово