Врз основа на член 172 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија„ бр. 82/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија„ бр. 178/2021 и 58/2024), Правилникот за критериумите и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања на Универзитетот во Тетово, се објавува
К О Н К У Р С
за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања на Универзитетот во Тетово
Се објавува Конкурс за избор-реизбор на наставници во сите наставно-научни звања на Универзитетот во Тетово:
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Компјутерски науки, Друго (1.02.00.01, 1.02.00.04 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКА КУЛТУРА
- Еден наставник во сите наставно-научни звања од областа на Применета кинезиологија (09.01.02 од класификацијата на научно-истражувачките подрачја, полиња и области според Меѓународната фраскатиева класификација).
Услови за наставно-научно звање доцент, вонреден и редовен професор:
- одлука за избор во наставно-научно звање од компетентен орган, доколку има;
- диплома од завршени додипломски студии;
- диплома од завршени магистерски студии;
- диплома за научното звање доктор по науки од научната област во која се избира;
- кандидатите кои конкурираат треба да имаат континуитет во студиите од соодветната област;
- список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите);
- кратка биографија (CV);
- да го приложи трудот од докторската дисертација;
- потврда за познавање странски јазик;
- познавање на албанскиот јазик – пишување и читање;
- извод од матичната книга на родените;
- уверение за државјанство.
*Кандидатите треба да ги исполнуваат условите за избор во наставно-научни звања, предвидени со член 166 од Законот за високото образование.
*Пријавата со потребните документи кандидатите треба да ја достават во рок од 5 работни дена, од денот на објавувањето на Конкурсот, во Архивата при Ректоратот на Универзитетот во Тетово, на адреса: Ректорат на Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, б.б. Тетово.
Универзитет во Тетово