//На Универзитетот во Тетово се одржа Четвртата научна конференција на Асоцијацијата на балканските универзитети

На Универзитетот во Тетово се одржа Четвртата научна конференција на Асоцијацијата на балканските универзитети

2018-07-05T11:10:43+00:00 Март 30, 2018|

Универзитетот во Тетово ја организира Четвртата научна конференција на Асоцијацијата на балканските универзитети. Главна тема на оваа конференција беше „Соработката меѓу универзитетите и културалниот соживот – премиса за стабилна платформа на Балканот“. Оваа конференција, на која учествуваа Ректори и научни истражувачи од сите универзитети на Балканот, ја отвори Ректорот на Универзитетот во Тетово и Претседател на Асоцијацијата на балканските универзитети, проф. д-р Вулнет Амети, кој истакна дека со организирањето на оваа активност на вакво културно, научно и академско ниво, ја конкретизираме успешната соработка со јавните и со приватните установи на високото образование, со невладините организации и со многу универзитети од земјата, од регионот и од целиот свет. „Сериозните студии и научните истражувања на Универзитетот во Тетово се главниот синоним за дејноста на нашата установа, но и најважен и неразделен дел од академската активност. За исполнување на потребите за вистински истражувања, нашиот Универзитет, преку академските единици, односно факултетите, организира научни активности и со ова ја збогатува дејноста на високото образование. Денес, универзитетите, со нивното ангажирање и иницијатива, преземаат конкретни мерки за реализирање на институционалните објективи за образование, со помош на кадровските капацитети и со реформите кои се во тек. Темите, дебатите, различните мислења за слични проблематики како денешната дискусија пред студентите и академскиот кадар, верувам дека придонесуваат во зајакнувањето на мислењата и ставовите за афирмација на културниот соживот на овие простори.“ – соопшти проф. д-р Вулнет Амети, Ректорот на Универзитетот во Тетово.