Албанската светски позната сопранистка Инва Мула, на 29 април 2018 г. се сретна со студентите од Студиската програма за соло-пеење на Факултетот за уметности, при Универзитетот во Тетово. Познатата пејачка беше многу добро пречекана од студентите на Факултетот за уметности, кои беа многу среќни за можноста што им се укажа да реализираат „Master Class“ со познатата сопранистка. На оваа средба, Инва Мула ги следеше студентите додека интерпретираа уметнички дела, а потоа ги оценуваше и им даваше вредни предлози кои студентите не можат да ги слушнaт секој ден од сопранистка која има учествувано на огромните музички сцени во најпознатите светски метрополи.
Од познатата сопранистка на студентите им беа кажани многу совети за настапот на сцена, за контролата на гласот, честите вежби, за самодовербата и за настапите пред илјада обожаватели.
Универзитетот во Тетово го поддржа концертот на Инва Мула, со диригентот Гриди Краја, но тој беше поддржан и од Филхармонијата на Република Македонија. Присутни беа многу важни имиња од јавниот живот, а меѓу нив и проф. д-р Вулнет Амети.
Овој концерт се реализира во рамките на шестата едиција, организирана од „Сцената на сериозната албанска музика“.