Ардита Османи, студентка на Студиската програма за виола на Факултетот за уметности, при Универзитетот во Тетово, го освои второто место на ДАМ фестивалот во Приштина, организиран од „West Coat Symphony Orchestra“ од Ванкувер, Канада. Таа вели дека е многу задоволна од оценките од жирито, а на овој фестивал учествуваа и познати уметници од земјата и од регионот.
„Ова беше голем и успешен натпревар. Јас бев една од четирите финалистки на натпреварот каде што имаше натпреварувачи од Р Македонија, Р Албанија, Р Црна Гора и од Р Косово. На почетокот се натпреварувавме со видео-аудиција, а потоа меѓусебно. На 28-ми март се претставивме пред жирито составено од 4 члена (тројца виолинисти и претседателот на Оркестарот). Победникот се прогласуваше по поминувањето на првата фаза. Јас го добив второто место, а првото место го освои мојата колешка од Албанија“ – рече виолистката Ардита Османи.
Освојувањето на второто место на меѓународен фестивал не е успех само за студентката Ардита Османи, туку и за нашиот Универзитет, односно за Факултетот за уметности, оцени проф. д-р Блерим Груби.
„Ардита е новост за сите, особено за Универзитетот во Тетово, бидејќи Факултетот за уметности подготвува кадар од вакво ниво, кадар способен да добие меѓународни награди, а во овој случај во силна конкуренција Ардита го освои второто место. За нас е голем успех и ова се првите чекори за нас како инструменталисти, бидејќи ова се првите уметници што произлегуваат во новата ера“ – изјави професорот на Факултетот за уметности на УТ, проф. д-р Блерим Груби.
Тој, исто така, соопшти дека овие кадри ги претставуваат Албанците во уметничките и културните институции во земјата и пошироко.
Ардита е првата уметничка од Македонија која добила врвна награда на овој фестивал.