Почитувани граѓани,
според последните податоци од здравствените установи – надлежни за управување со состојбата од пандемијата Ковид-19, ја споделиме нашата загриженост за влошувањето, ширењето и енормното зголемување на бројот на лицата заболени од вирусот корона.
Во овие исклучително загрижувачки околности за сите нас, апелираме до сите граѓани на земјата да бидат претпазливи и строго да ги спроведат препораките кои произлегуваат од официјалните протоколи на Светската здравствена организација, Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија.
Во овaa алармантнa состојба, одржувањето на физичка дистанца, носењето маска и лична хигиена се задолжителни во заедничката борба против оваа глобална пандемија.
Исто така, игнорирањето на дезинформациите – лажните „вести“, во овој период е уште една друга обврска на секој од нас, затоа, да им веруваме само на епидемиолозите, инфектолозите, кои со многу професионализам, посветеност и хуманизам ја даваат својата помош за јавното здравје.
Денес, секој од нас може да го „стори“ лекарот, ако навистина се придржува кон сè што препорачуваат тие, денес секој од нас „лечи“ пациенти ако не ги инфицира другите.
Заедно ги надминавме најтешките предизвици во минатото и благодарение на пожртвуваноста и посветеноста – успеавме, и овој пат ќе успееме со заедничка одговорност и посветеност.