//УТ ја започна промотивната кампања на Академската платформа за 2018/19 година

УТ ја започна промотивната кампања на Академската платформа за 2018/19 година

2018-06-26T14:16:12+00:00 Април 03, 2018|

Универзитетот во Тетово, денеска на 3 април 2018 година пред матурантите од нашата земја започна со презентација на академската понуда за 2018/2019 година. Презентацијата на академската понуда започна во средните училишта во Тетово, како што се: СОУГ „Кирил Пејчновиќ“, ОСМУ „Никола Штејн“,  ОСТУ „Гоце Стојчевски“, ОСЕУ „8 Септември“, ОСЗУ „Моша Пијаде“, како и во Гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје.

Раководителот на Канцеларијата за настава на Универзитетот во Тетово, доц. д-р Ибрахим Незири, соопшти дека Универзитетот во Тетово и оваа година предвидел Академската понуда да ја претстави пред сите матуранти, со цел тие одблиску да се запознаат со условите и со можностите што ги нуди нашиот универзитет за нив. „Тимот за промоција ги информира матурантите за условите и можностите што ги нуди нашиот универзитет, вклучувајќи ги факултетите, студиските програми, студиските циклуси и за активностите што се реализираат во текот на една академска година, како што се: одржување семинари, симпозиуми, дебати и научни конференции. Посебен акцент е ставен на меѓународните програми за поддршка на образованието на младите, како: Erasmus plus, Fulbright, Mevlana и др. и се прикажани слободните студентски активности кои се организираат од страна на Студентскиот парламент. Матурантите беа запознати и со можностите што ги нуди Универзитетот во Тетово за истакнатите студенти, како доделување на универзитетска стипендија и други можности за добивање стипендии од државните установи и од разни фондации од земјата и од странство“ – изјави доц. д-р Ибрахим Незири.

Матурантите од Тетово покажаа голема заинтересираност за Академската понуда на УТ, а покажаа и голем интерес во врска со начинот на аплицирање, за документите што треба да се достават, но поставуваа и прашања во врска со пријавувањето. За матурантите, Универзитетот во Тетово подготви брошури со промотивни материјали за 13 факултети и за сите студиски програми на овие факултети. Утре, на 4-ти април 2018 г., Академската понуда ќе се промовира пред матурантите од средните училишта во Скопје и во Гимназијата „7-ми Март“ во Тетово.

Првиот уписен рок за новите студенти на Универзитетот во Тетово за академската 2018/19 година ќе се врши од 14 до 17 август 2018 г.