Универзитетот во Тетово во соработка со Меѓународниот универзитет во Нови Пазар, на 14.4.2018 г., во општина Прешево ја организира Меѓународната научна конференција „Современите перспективи во наставната работа“. На свеченото отворање на Конференцијата организаторите истакнаа дека наставата и нејзиното функционирање се соочуваат со проблеми и со многу предизвици, па според нив ваквите собири придонесуваат за решавање на проблемите и за авансирање на научните трудови и на наставната дејност.
Конференцијата ја поздрави и Ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, кој истакна дека целта на оваа Kонференција e да се направат нови истражувања, да се разгледаат методите на наставната работа и педагошко-дидактичкиот пристап.
„Со развојот на науката, воопшто, како и со развојот на педагошките погледи, сè повеќе и повеќе се збогатува педагошката теорија и практика, континуирано се менуваат и се модернизираат формите на организирање на воспитно-образовниот процес, со цел подобрување на наставата. На пазарот на трудот во демократските општества, со слободното движење на капиталот и идеите се создаваат услови за развој на науката и технологијата, кои воедно се составен дел од прогресот на општеството. Едукацијата придонесува во формирањето на личноста на човекот и на целото општество. Примената и користењето на современата технологија веќе е педагошки императив, бидејќи научно е докажано дека поголема ефикасност во наставниот процес и научните истражувања се постигнува само ако се употребуваат современите методи и технологии на комуникацијата“ – изјави Ректорот на УТ, проф. д-р Вулнет Амети.
„Брзиот процес на глобализацијата е можност за соработка меѓу народите, одделните групи и интелектуалците, кои со идеите, слободното мислење и нивното знаење придонесуваат во многу области на животот, во образованието, науката и културата“ – заклучи Ректорот на УТ.
Ректорот на Меѓународниот универзитет во Нови Пазар, проф. д-р Суад Беќировиќ посочи дека денешната конференција која е организирана во соработка со Универзитетот во Тетово е успешен проект и претставува доказ дека меѓууниверзитетската соработка на Балканот е од особена важност. Според него, високото образование има голема улога во промоцијата на мирот, толеранцијата, доброто разбирање и создавање на меѓусебна доверба меѓу луѓето.“ Нема сомнеж дека образованието е движечка сила за развојот на секое општество и мислам дека сите се согласуваме дека образованието треба да се менува според барањата на општеството. За нас, како Универзитет од особена важност е да ги усогласиме нашите понуди со барањата на пазарот на трудот, бидејќи на ваков начин ќе ја зголемиме стапката на вработеност и ќе влијаеме на целокупниот развој на општеството. Ние, како академски установи се фокусираме на образованието на кадри за потребите на одреден сектор. Ние треба да ги научиме нашите студенти на критичко мислење, на начините како да стигнат до знаењето, како да практикуваат креативни методи и др. Затоа, и ние како професори и како установи треба да бидеме иновативни“ – изјави Ректорот на Меѓународниот универзитет во Нови Пазар, проф. д-р Суад Беќировиќ.
На учесниците на оваа Конференција им се обратија и Деканот на Педагошкиот факултет на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Фатби Османи и Деканот на Факултетот за педагогија и психологија на Меѓународниот универзитет во Нови Пазар, проф. д-р Мустафа Фетиќ.