Конкурс – ЕСМ 2020-2021

2021-10-04T14:50:44+00:00 Октомври 04, 2021|

Врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АД ЕСМ Скопје и Универзитетот во Тетово, се распишува

КОНКУРС
за доделување 5 стипендии
за студентите на Универзитетот во Тетово

На конкурсот можат да се пријават студенти кои студираат на Универзитетот во Тетово, на една од следните студиски програми:
• Факултет за применети науки,
Студиска програма: Мекатроника;
• Факултет за применети науки,
Студиска програма: Инженерска Економија;
• Факултет за природно математички науки
Студиска програма: Информатика – професионална насока.

Право на учество имаат сите студенти кои ги исполнуваат следните критериуми:
 студентот да е редовен студент запишан на прв циклус студии по прв пат во прв или трет семестар студиска година во учебната 2020/2021 година;
 просечната оценка на студентот (до датумот на аплицирање) да не е помала од 8.0;
 студентот да не е корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија;
 студентот да е државјанин на Република Северна Македонија;

Изборот и селекцијата на кандидатите го врши Комисија за стипендирање составена од 3 (три) члена и тоа: два претставници од АД ЕСМ-Скопје и еден претставник од Универзитет во Тетово.

Селекцијата на заинтересираните кандидати за остварување право на стипендија ќе биде направена врз основа на остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, освоените поени при упис на факултет и резултатите од реализираното интервју, кое ќе го врши комисијата составена од два претставници од АД ЕСМ Скопје и еден претставник од Универзитет во Тетово, согласно следната методологија:
• освоени поени од остварениот просечен успех на студентот до датумот на аплицирање, најмногу 70 поени.
• освоените поени при упис на факултетот, најмногу 25 поени.
• резултати од реализираното интервју, најмногу 5 поени.

Висината на стипендијата изнесува 8.000,00 денари месечно и ќе се доделува за времетрање од 10 (десет) месеци годишно, со можност за продолжување или за прекин, во зависност од исполнувањето на обврските од страна на студентите пропишани со Договорот за стипендирање.

Со избраниот кандидат ќе се потпише Договор за стипендирање.

Кандидатите на кои ќе им биде доделена стипендија имаат обврска студиската година да ја завршат во редовен рок и со просек не помал од 8, во спротивно, стипендистот го губи правото на стипендија и се обврзува да го врати примениот износ на компанијата со која го склучил Договорот за стипендирање и други обврски пропишани во Договорот за стипендирање.

Потребна документација за аплицирање:
• Пополнета апликација/прашалник подготвен од страна на АД ЕСМ-Скопје;
• Мотивациско писмо;
• Потврда за редовен студент;
• Уверение за реализиран просек и реализирани кредити (до датумот на аплицирање);
• Копија од диплома за завршено средно образование;
• Копии од дипломи за посета на курсеви;
• Изјава дека не сте корисник на стипендија или кредит од друга установа, институција или компанија потпишана и од солидарен гарант;
• Копие од уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
• Потврда за работен однос и плата на солидарниот гарант;

Апликацијата/прашалникот може да го превземете на е-маил што ви ја испративме или во Центарот за Кариера ( Филолошки факултет, прв спрат, канцеларија бр.147).

Начин на аплицирање:
Документите се поднесуваат во Центарот за Студентски Прашања и Кариера при Универзитет во Тетово, или по пошта на адреса: Центарот за Студентски Прашања и Кариера, Универзитет во Тетово, ул. Илинденска, бб, 1200 Тетово.
Рокот за поднесување документи е до 15.10.2021 година.

Апликација